Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите

Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“.

18maj pomala rez (1)

Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ (Museums and contested histories: Saying the unspeakable in museums). Оваа тема се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за доброто на општеството, стануваат центри за помирување на народите. Исто така, таа наглсува како прифаќањето на спорните истории е првиот чекор кон замислување на зедничка иднина во знак на помирување. Избирајќи да се каже н искаживото во музеите, темата на Меѓународниот ден на музеите за 2017 се осврнува на тоа како да се разберат неразбирливите аспекти од спорните истории својствени за човештвото. Таа исто така ги поттикнува музеите да играат активна улога во мирното разрешување на трауматските истории преку посредување изразување на различни гледишта и се фокусира на врската помеѓу замислување на иднина која ги надминува табу-темите и води кон подобро меѓусебно разбирање.

Националната галерија на Македонија го дава својот придонес кон ова одбележување преку повеќе активности кои ќе се одвиваат токму на 18 мај (четврток), во сите изложбени објекти на галеријата:

1. „Лавиринт на уметноста“ - едукативна музејска наградна игра

Извлекување на награди од музејската наградна игра, Даут-пашин амам, 12 часот.

Извлекувањето од оваа наградна игра, која за прв пат има истражувачки карактер изведена низ Постојаната поставка на Националната галерија на Македонија, ќе биде проследено со музички програм

2. Отворање на изложбата „Иван Мештровиќ, литографии од Колекцијата на Националната галерија на Македонија“, Чифте амам, 19 часот

Изложбата ќе и понуди на македонската публика ретка можност да проследи оригинални литографии (21) од светскиот скулптор Иван Мештровиќ (1883 – 1962), овојпат претставен како цртач и графичар. Делата се составен дел од мапата литографии од 1923 и се сопственост на Националната галаерија на Македонија (од т.н. екс-југословенска збирка). Мапата ќе биде проследена и со презентација на 2 скулптури од уметникот, исто така сопственост на Националната галерија.

Изложбата „Иван Мештровиќ, литографии од Колекцијата на Националната галерија на Македонија“ е вклучена во и рамките на манифестацијата „Европсканоќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година.

3. Отворање на изложбата „Искушенијата на НИНАВАЛЕ“, Чифте амам, 20 часот

Нина Ковачева и Валентин Стефанов се значајни ликовни уметници, кои по потекло се од Република Бугарија, но денес живеат и активно работат во Република Франција и претставуваат ретко успешен пар во современата уметност на меѓународната сцена. Најновиот проект „ИСКУШЕНИЈАТА НА НИНАВАЛЕ“ на Нина Ковачева и Валентин Стефанов открива плодна симбиоза меѓу две креативни мисли, кои ја задржуваат сопствената индивидуалност креирајќи истовремено една нова индивидуалност – НИНАВАЛЕ и е создадена специјално за карактеристичниот простор на објектот Чифте амам. Уметниците во овој проект користат широк спектар на технички изразни можности како видео, неон, звук, објекти и слично.           Секогаш економични во користењето слики, со мошне внимателно одбрана звучна подлога, понекогаш користејќи и дезориентирачки јазик кој ги разголува конвенциите на секојдневниот живот и се базира на нашите мисловни механизми, тие балансираат помеѓу релацијата на личната сфера со социјалната димензија и прават микс помеѓу реалноста и имагинацијата. Со тоа уметниците концепираат уметничко дело кое постепено ги води посетителите низ поставката со цел да им наметне некои фунадментални прашања поврзани со егизстенцијата и современиот свет.

4. Изложба на апсолвенти од Факултетот за ликовни уметности при Државниот универзитет во Тетово, од класата на проф. Решат Амети, Даут-пашин амам, цел ден.

Освен наведените изложби и активности, во рамките на манифестациите „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ Националната галерија на Македонија зема активно учество во одбележувањето на „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Сите објекти ќе бидат отворени за посета нудејки можност да се погледнат изложбите кои се веќе поставени: Гоце Наневски, „Анатомија на векот“ и „Никола Мартиноски, почетоци 1912-1929“ во Мултимедијалниот центар Мала станица, како и Постојаната поставка во објектот Даут-пашин амам. 

На 18 и 20 мај 2017 година сите три објекти на Националната галерија на Македонија – Даут-пашин амам, Чифте амам и Мултимедијалниот центар Мала станица ќе бидат отворени за посета од 10-22 часот, а влезот е бесплатен.

 

This post is also available in: Albanian

There are no responses so far.

 

New comments are closed.