Урош Ѓуриќ во Мала станица со „Тишина“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 23 ноември 2012 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Урош Ѓуриќ со наслов Тишина. Урош Ѓуриќ го преиспитува меѓуодносот уметник-публика, системот на уметноста-државата и воведувајќи се себеси како референтна точка во тие процеси, го преиспитува местото на уметникот во тој систем на дејствување како активен учесник во микро и макроопштествените хоризонти на реалноста. Различните медиуми на изразување какви што […]

Претставување на Омер Калеши во Истамбул

Сакаме да ве известиме дека вечерва, во 18.00 часот, во Тек Санат галеријата во Истанбул, Турција, се отвори самостојната изложба на Омер Калеши на која како специјални гости присуствуваа директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши, и претставници од галеријата, а на свеченото отворање на изложбата беа и Јордан Плевнеш, ректор на ЕСРА и конзулот на Р.Македонија во Турција, г-ѓа Зерим Абас. По отворањето на изложбата се дискутираше околу позитивната реакција и спремноста […]

„Блесок“ на Нарциса Андреевска во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 ноември 2012 (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Нарциса Андреевска. Секоја нова средба со творештвото на Нарциса Андреевска буди нов предизвик и наметнува цела низа прашања што носат дилеми и, секако, со толкувањето на нејзините дела се добиваат одговорите. Сето тоа е изразено во маслата преку кои се обидуваме како посматрачи да впловиме во нејзината интима изразена со колоритот, […]