Националната галерија утре го отвара македонскиот павилјон во Венеција

Најнови информации за активностите на Македонскиот павилјон на 55. Венециско биенале. Инсталацијата на Елпида Хаџи-Василева успешно се постави во понеделникот. Општ впечаток на тимот на Национална галерија на Македонија е дека целината изгледа одлично, ја поседува трансцеденталноста, магијата, изненадувањето, шокот што сите го очекувавме. И уметникот, кураторот, комесарот се презадоволни од самото дело, а за неговата интригантност говори и бројот на посетители. Во првите два дена на preview-то, македонскиот павилјон го посетија над 300 посетители, […]

Росица Лазеска изложува во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 28 мај 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Росица Лазеска. Цртежот како начин на ликовно изразување во кој линијата доминира како изразно средтво некако спонтано се наметнува како продолжение на претходните преокупации на Росица Лазеска – графиката. Експресивната, динамична ткаенина на линии во меѓусебна комуникација со графичките знаци форми и тонови создава хармонично обликувани астрактни композиции. Линијата во нејзините дела е […]

Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]

Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]

Младински пролетен салон во Мала станица

Во Нацоналната галерија на Македонија, објект Мала станица, утре (вторник, 21 мај 2013 година), со почеток во 20:00 часот, ќе се отвори VI Младински пролетен салон, во организација на едукативниот сектор на НГМ. Темата на овогодишниот Салон е насловена КРУГОТ и ќе бидат презентирани ликовни видувања на младите со застапеност на сите видови техники од сликарството, графиката, вајарството како и новите визуелни уметности. На VI Младински пролетен салон ќе земат учество ученици од дваесетина средни […]

За престојното претставување на Венециското биенале

Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот. Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]

Прес во Мала станица по повод настапот на Венециското биенале

По повод престојното 55то Венециско Биенале и подготовките за презентацијата на нашиот Национален павилјон, во четврток, 16 мај 2013 година, во 10.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржи прес конференција. 55то Венециско Биенале ќе се одржи од 1 јуни до 24 ноември 2013 година. Насловот на Македонскиот павилјон е  Silentio Pathologia, што е всушност проект на Елпида Хаџи Василева. Комесар е Халиде Палоши, куратор Ана Франговска. Инаугурацијата е закашана […]