Отворена јубилејната изложба на Никола Мартиноски во Даут пашин амам
Во Даутпашиниот амам, во вторникот (22 октомври) во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, беше отворена голема изложба на основоположникот на македонската современа уметност, Никола Мартиноски. Изложбата се организира по повод 110 години од раѓањето и 40 години од смртта на големиот мајстор, презентирани се 50 дела во масло на платно, стакло и картон и 20 цртежи, а како дел од оваа изложба македонската јавност за прв пат може да ги види двостраната […]
Отворање на изложбата на Афердита Кики во Чифте амам
Во понеделникот (21 октомври) во Националната галерија на Македонија (објект Чифте Амам) беше отворена изложбата на уметницата Афердита Кики. Пред присутната публика се обратија директорката на Националната галерија, Халиде Палоши и кустосот Љупчо Маленко.
Јубилејна изложба на Никола Мартиноски во Даут пашин амам
На 22 октомври 2013 (вторник) во 20 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како […]
Афердита Кики изложува во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 октомври 2013 година (понеделник), во 19:30 часот, ќе се отвори изложба на Афердита Кики. Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, […]