Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници. На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, […]

Отворена изложбата „Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во понеденикот (04.11. 2013 година), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, беше отворена изложбата “Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)”. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни […]

Изложбата “Македонско профано сликарство…” во Чифте амам

На 04.11. 2013 година (понеделник), во 19:30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе биде отворена изложбата “Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)”. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни и […]