Маја Кировска и Ангел Миов изложуваат во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 декември 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Маја Кировска и Ангел Миов. Експликацијата на најновиот проект на Ангел Миов, насловен иронично „Повлечи ги конците…“, нуди повеќе отворени толкувања на самиот наслов, но и на ликовниот материјал со променлив контекст и значења во современието. Тематскиот интерес кон преовладува во делата на Ангел Миов е испитувањето на процесите и се потпира на […]

Ивана Пирковска во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов „Илузија за простор-времето“. „Тоа што човекот прво ги насочил своите очи кон небото не било само за да ја задоволи интелектуалната љубопитност. Она што човекот всушност го барал во небото бил неговиот сопствен одраз и поредокот на неговиот човечки универзум.“   Ернест Касирер, „Есеј за човекот“ Простор, време, виртуелизација и негова ликовна сензација. […]

Бурим Укиќи во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам во вторникот (10 декември) беше отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата на Бурим Укиќи во Чифте амам, содржи 40-тина дела масло на платно.

Ивана Пирковска изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов Илузија за простор-времето. Минималистичкиот проект на младата скулпторка Ивана Пирковска насловен „Илу­зијата за простор-времето“ се состои од пет транспарентни висечки инста­лации кои заемно кореспондираат и се надо­полнуваат. Проектот е конципиран од раз­лични материјали (плек­сиглас, огледала, обоени обрачи, топка, тениски топчиња, обоени конци, обоени фолии и објекти- цртежи). Пирковска во […]

Бурим Укиќи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2013 год. (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата ќе содржи 40-тина дела масло на платно. Бурим Укиќи дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Државниот Универзитет во Тетово, насока сликарство. Продолжил на постдипломски студии во 2008/2009 година каде што во 2010 година магистрирал. Сликарството на Бурим Укиќи е магично, мистично, а истовремено реално, чисто, јасно, смирено. Како […]

Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески. На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова […]