„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]

„Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 04.11.2013 година беше отворена изложбата „Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)“. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни и […]

Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)

На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура […]

Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]

Нафи Јашари и Џелил Руфати изложуваат во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 ноeмври 2013 година (вторник), во 19.30 часот ќе се отвори изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати. Експериментирањето на Нафи Јашари со разни техничко – технолошки методи при обликувањето на графичкиот лист, овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Без оглед за која графичка техника да станува збор, Јашари секогаш посветено ги истражува можностите и границите на овој медиум, доведувајќи ги истите до совршенство, […]

(фото) Отворање на изложбата “Леб и сол” во Виена

Фотографии од отворањето на изложбата Леб и сол, во организација на Националната галерија на Македонија, која се отвори во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), на која изложуваат 12 македонски уметници. Изложбата предизвика голем интерес кај австриската публика со голема посетеност и позитивни критики од стручната фела и Министерството за образование, култура и наука на Австрија. Поради сето ова се отпочнати разговори за продолжување на идни соработки на размена на уметници […]

Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници. На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, […]

Отворена изложбата „Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во понеденикот (04.11. 2013 година), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, беше отворена изложбата “Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)”. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни […]