Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. Новата серија на скулптури од Иван Фијолиќ насловена Нео НОБ дури и не се обидува да ги сокрие своите референци […]

Изложба на Теута Хоџа-Имери во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија во соработка со Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, на 16 декември 2014 година (вторник) во 18:30 часот ќе биде отворена изложба на Теута Хоџа-Имери во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија. Интимниот дневник во делата на авторката е проткаен со фрагменти од нејзиниот автобиографски, автореферентен љубовен дискурс, но во случајот семејниот. Дискретно, од една слика во друга, тој се јавува како […]

Изложба на дела од палатата Фарнезина во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам вчеравечер беше отворена изложбата „Кон почетоците на Европската унија – италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“. Изложбата на која се претставени дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и архитектонски скици од палатата Фарнезина, е дел од културната програма со која беше одбележано претседателството на Република Италија со ЕУ. Со неа завршува презентацијата на италијанската култура во Македонија која годинава беше поддржана и од Министерството за […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски – поставка

Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој (Дебарско). Во 1975 г. завршил Академија за ликовни уметности – сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979 г. Од 1976 до 1985 г. бил член на […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут пашин амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 4 декември 2014 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Вељо Ташовски. Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична […]

Изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 декември 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, со наслов Сите сме еднакви. Во таа насока Националната галерија на Македонија преку изложбата ,,Сите сме еднакви,, го одбележува Меѓународениот ден на лицата со посебни потреби каде е преставено творештвото на учениците од неколку училишта. Тие на најискрен начин ни ги испраќаат основните вредности на […]

Свечено отворање на изложбата „Трансфигурирање“ на НГМ во Прага

Изложбата, на која се поканети голем број гости и претставници на дипломатскиот кор, претставува централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини. Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, Чешка, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата Трансфигурирање на која излагаат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе […]

VI Младински пролетен салон

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 ноември 2014 година, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон. Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина… Термините што многу често го слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали Да сте архитект, или да бидете во ситуација […]

“Космички пејзажи” на Дејан Иванов – Маргуш во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 18 ноември 2014 (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Дејан Иванов, со наслов Космички пејзажи. Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник не е фигуративен исто и како и неговиот ликовен свет. Тој е апстрактен и неговата експресија е речиси целосно одраз на спонтан несвесен ониризам на битието. Овој наш сликар повеќе сака да насетува отколку да дефинира. На свој начин ониризмот како […]

Изложба “IN THE ZONE” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 17 ноември 2014 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложбата “IN THE ZONE”, на која ќе бидат претставени седум македонски уметници: Антони Мазневски, Атанас Атанасоски, Исмет Рамиќевиќ, Јане Чаловски, Велимир Жерновски, Групата ОПА и Ѓорѓе Јовановиќ. Во текот на месец јулу 2014 година проектот беше поставен во Мултимедијалниот центар во Ровињ, Хрватска. Изложбата подразбира автори низ чии дела провејува една специфична перцепција на материјалот […]