Изложба на Симонида Филипова Китановска во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 28 мај 2014 година (среда) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска. Изложбата содржи 80-тина акварели. Симонида Филипова-Китановска е родена 1965 Скопје, Р.Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 1988год. во класата на проф.Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член на ДЛУМ од 1988 год. 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД. Добитник е на повеќе награди: Гран-при, Интернационален […]

Завршна изложба од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС

Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам … По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам на 19 мај 2014 година (понеделник) во 11 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС. Во изминатиов период деца од предшколска возраст, како и ученици од неколку основни и средни училишта […]

Поставка од изложбата TIME COLLECTORS project

Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект… TIME COLLECTORS project е меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ […]

Изложбата TIME COLLECTORS project во Чифте Амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам, на 13 мај 2014 година (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложбата TIME COLLECTORS project. Се работи за меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), […]

Годишна изложба на основни училишта од град Скопје во Чифте амам

Во Чифте амам ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје. Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. […]