Изложба “Париз, те сакам” – поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз, светската метропола на уметноста.

„Париз те сакам“ во репрезентативниот простор на Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) во 13 часот ќе се отвори изложбата Париз, те сакам. Изложбата „Париз те сакам“ во репрезентативниот простор на Чифте амам е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата и со себе носи уште една придобивка повеќе во насока на продлабочување на искреното пријателство на македонскиот и францускиот народ. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на […]

Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година … Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид […]

„Организми“ на Маја Кировска (поставка)

Маја Кировска во нејзиниот проект „Организми“ прави компарација помеѓу материјалите од природно и артифициелно потекло, поточно помеѓу животинскиот и растителниот свет, кристалите и синтетичките материјали, односно нивната сличност на микроскопско ниво. Основното прашање кое оваа авторка го поставува е (не)постоењето на граница помеѓу организмите со „интелигенција“ и оние кои се дефинирани како не-живи материи, при што се претставени разни примери на циркуларниот систем кај растенијата, животните и луѓето, но и молекуларни споредби. Ангажираниот момент во […]

„Повлечи ги конците…“ на Ангел Миов (поставка)

Експликацијата на најновиот проект на Ангел Миов, насловен иронично „Повлечи ги конците…“, нуди повеќе отворени толкувања на самиот наслов, но и на ликовниот материјал со променлив контекст и значења во современието. Тематскиот интерес кон преовладува во делата на Ангел Миов е испитувањето на процесите и се потпира на цртежот како осознавање и другите медиуми како прикажување/ раскажување на нештата. Заокружувањето на целиот овој процес е инкорпориран во ангажираниот момент кој во приказните на Ангел Миов […]