Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници
Во галеријата Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 декември 2015 (вторник) во 20.30 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот. „Есенција на егзистенцијата“ е […]
Томо Шијак – Ретроспективна изложба
Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 25 декември (петок) ќе биде отворена ретроспективната изложба во чест на Томо Шијак. Томо Шијак (1930-1998) е еден од неколкумината автори, уметнички родени во педесеттите години на дваесеттиот век, кои се издвоија како означувачи на авангардистичките текови на тогашната македонска ликовна уметност, а комплетното презентирање на неговиот опус е дополнително усложнето поради неговиот секогаш немирен, дури хиперактивен, истражувачки дух, поради што можеме да го карактеризираме […]
Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“
Во Националната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов „Детска радост“. Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При тоа авторката емитува уметност на радост, на животот и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба од дружење […]
Изложба на современата чешка уметност „Исклучок и правило“
Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември 2015 година, (среда) во 19,30 часот ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова. Настаните ќе се реализираат во објектот Чифте амам. Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), […]
Изложба на Вана Урошевиќ “Кабинети на чуда и библиотеки”
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 декември 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Вана Урошевиќ. Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница овојпат својот интерес го насочува кон збирките произлезени од собирачката страст и несекојдневниот вкус на особено љубопитните поединци – кон […]
Изложба на Маневски и Шумковски „Две изложби, а еден настан“
Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија на 10 декември 2015 година (четврток), во 19 часот во објектот Мала станица ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Две изложби, а еден настан“. Благоја Маневски и Јован Шумковски се клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во […]
Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам
Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2015 година (четврток) во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска. Изложбата ќе содржи 50-тина дела комбинирана техника на платно. Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година. Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа, САД, а зела учество и во различни уметнички […]
Системски матрикс или матрикс во системот
Во една држава постои таксативна класификација на организми (институции, тела) кои се дел од системот и кои функционираат според одредени правила на игра наложени од највисоките владеачки елементи во хиерархиската организираност. Сите ние сме дел од таквите системи (своевидни манипулирани марионети) во кои треба да се вклопиме и да функционираме по зададени принципи и норми. Честопати неможеме да се вклопиме во калапите, се чувствуваме заробени и загрозени, нашиот интелект и здраворазумско резонирање потценето и навредено, […]
Mултимедијална инсталација под наслов „12:05“ на Борис Шемов
Во вторник (1. 12. 2015 година) во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде поставена мултимедијалната инсталација под наслов „12:05“ на авторот Борис Шемов. Овој Проект ќе може да се проследи и во наредните два дена на 2-ри (среда) и 3-ти (четврток) декември од 18 до 20 часот. Проектот на Шемов претставува мултимедијален, визуелен и перформативен експеримент во кој сржта лежи во концепциската синестезија. Тој креира визуелни дразби кои според […]
Прес со хрватскиот уметник Владо Мартек во Чифте амам
Во вторник, 1. 12. 2015 година во 11:00 часот, во Чифте амам ќе се одржи прес конференција по повод изложбата на Владо Мартек: Огледалото на Мартек – Сетете се на уметноста, во присуство на авторот. Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори […]