„Ние сите сме сами во ова“ ќе ја претставува Македонија во Венеција

Проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе ја претставува Македонија на годинашното 56. Биенале на уметноста во Венеција. Станува збор за инсталација со три ѕида на кои архитектонски и математички е отсликана димензијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, од 12. век, во размер 1:2. Преку ова свое дело, двајцата уметници се занимаваат со вербата како емотивна и интелектуална состојба, но и како своевидна социо-патолошка анамолија. Според комисијата […]