Mултимедијална инсталација под наслов „12:05“ на Борис Шемов

Во вторник (1. 12. 2015 година) во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде поставена мултимедијалната инсталација под наслов „12:05“ на авторот Борис Шемов. Овој Проект ќе може да се проследи и во наредните два дена на 2-ри (среда) и 3-ти (четврток) декември од 18 до 20 часот. Проектот на Шемов претставува мултимедијален, визуелен и перформативен експеримент во кој сржта лежи во концепциската синестезија. Тој креира визуелни дразби кои според […]

Прес со хрватскиот уметник Владо Мартек во Чифте амам

Во вторник, 1. 12. 2015 година во 11:00 часот, во Чифте амам ќе се одржи прес конференција по повод изложбата на Владо Мартек: Огледалото на Мартек – Сетете се на уметноста, во присуство на авторот. Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори […]

“Ретроспектива на апстрактната фотографија” на Осман Демири

Изложбата на Осман Демири, “Ретроспектива на апстрактната фотографија” ќе биде отворена во среда, 2 декември 2015 година, со почеток во 19:00 часот, објектот Чифте амам. Истата ќе биде отворена до 8 декември. Провокацијата на недокрај откриеното Кон миниретроспективата на апстрактната фотографија на Осман Демири Апстрактната, необјективна, експериментална или уште позната како концептуална фотографија е средство за создавање визуелни, драматични слики и се потпира врз примордијалните сензации за форма, облик, боја, кривина, повеќе одошто на самата […]

Александар Кондев – Ретроспектива

Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас. По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно […]

Изложба на Владо Мартек во Чифте амам

На 24-ти ноември 2015 година (вторник), во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек. ОГЛЕДАЛОТО НА МАРТЕК – Сетете се на уметноста Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa […]

Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември 2015 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future) … Looking At Nothing – Desire In The Future Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, […]

Изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски во КИЦ Софија

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, за меѓународна соработка во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија на 16 ноември 2015 година (понеделник) во 18 часот ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Ретро-спекции“. Ретроспекции Ана Франговска Благоја Маневски и Јован Шумковски се едни од најафирмираните и клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности […]

Изложба „Современа словенечка фотографија” во Чифте амам

Изложбата „Современа словенечка фотографија” во организација на Фото сојуз на Македонија ке биде отворена на ден четврток, 12.11.2015 година во 20 часот во изложбениот простор Чифте амам. На отвoрањето на изложбата ке се обратат Боро Рудиќ и Александар Кондев. Фото Сојуз на Македонија со задоволство ги информира љубителите на фотографијата од Скопје и Македонија дека Изложбата – Современа Словенечка фотографија, којa е во рамките на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија” ке биде отворена во Националната […]

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година. Златко Теодосиевски АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК  Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, […]