Меморандум за соработка помеѓу НГМ и Национална галерија на Косово

Вчера, на 22.02.2016 година беше реализиран работен состанок помеѓу директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и в.д. директорот на Националната галерија на Косово, г-динот Зени Балажи. На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу овие две сродни институции од регионот. Со овој чин се официјализираше соработката која ќе се одвива на неколку различни нивоа, како: реципрочна размена на квалитетни уметнички содржини, индивидуални уметнички проекти, концепциски изложби, споделување на вредни гостувачки меѓународни […]

Соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Францускиот институт

Националната галерија на Македонија во изминатите четириесетидвегодини откако постои Францускиот институт во Македонија е добар домаќин и подржувач на културната програма на институтот во рамките на деновите на франкофонијата. Како продолжение на долгогодишната успешна соработка директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старовa Ќерими оствари средба со директорката на Францускиот институт, госпоѓата Изабел Марки-Барбо и господинот Бранко Чобанов, аташе за култура. Културата како архитект на мост единствен по својата природа меѓу две нации, а во […]

Изложбата „(По)трагите на водата“ во Куманово

„(По)трагите на водата“ е наслов na изложбата на акварели што ќе биде отворена денес, петок, 5 февруари, во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Проектот (По)трагите на водата започна во мај 2015 година во просторот на Чифте амам во Скопје, […]

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во […]