Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон. Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот. .Древниот сон ги материјализира и ги презентира сите […]

IX Младински пролетен салон

Фотографии од изложбата од IX Младински пролетен салон во Мала станица… Ова се делата од скоро отворениот IX Младински пролетен салон отворен минатата недела.

Разговори за уметноста „Уметноста и религијата“

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот. Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија. Во таа […]

Afterparty – Изложба на Мето Ангелов

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 25 мај (среда) со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата Afterparty на Мето Ангелов. ANALOG Versus DIGITAL Релацијата на современата уметност и консумеризмот Ана Франговска, куратор Во време на општествено-политичка криза, доба во која постојано се говори за дневни политики и во кое секој е најумен и секој знае сè, Мето Ангелов решава да ѝ се претстави на македонската јавност, по пауза од подолго […]

„Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ во Чифте амам

На 19 мај (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“. Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозните односно христијанските теми / мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на дваесеттиот век (периодот на појавата на граѓанското сликарство) до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми Христијанството е доминантната сила што ги обликува (не […]

Програма на НГМ за 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

Национална галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 Мај – Меѓународен ден на музеите. Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и […]

Меморандум за соработка меѓу Националните галерии на Македонија и Албанија

 На ден 11.05.2016 година (среда) НУ Национална галерија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија. Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, г-дин Артан Шабани (Национална галерија на Албанија) и   д-р Дита Старова Ќерими (НУ Национална галерија на Македонија), а на свеченото потпишување присуствуваа и заменик министерот  за култура на Р. Албанија г- дин Зеф Чуни, и државниот секретар на Министерството […]

Распоред на активностите од програмата на НГМ за мај 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за месецот мај 2016 година. Мала Станица 02-08.05 ,, Галерија на портрети” Куратор: Ана Франговска Изложбата е практично збир на нематеријални дела, недофатни на перцепцијата на човекот со денешните биолошки перцептивни можности. Во повеќе од просториите на Мала станица, просторот се неутрализира од аспект на мирис (се варосува, а подот се брише со средство за неутрализирање), а потоа во секоја од просториите се поставува “мирисен квадрат”. […]