“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето. Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе биде во храмот на уметноста, објектот Чифте амам, на 21 јуни 2016 година (вторник) во 20 часот. Жарко Башески е […]

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија. Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со […]

“Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 13 јуни 2016 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба на Горанчо Ѓорѓиевски насловена Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015. Модерниот свет, сега веќе поодамна, тргна по патот на технолошкиот и комуникациски развој. Последица, цел или причина на оној развој, а можеби и сето тоа заедно, е глобализацијата, која со своите алатки, рекламата и медиумската манипулација, креира промена на свеста на современиот човек поништувајќи една меморија и […]

Распоред на активностите од програмата на НГМ за јуни 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за 2016 година… Објект Мала Станица 25.05-07.06 ,,The day after” Куратор:  Ана Франговска Храната е дел од колективниот ум. Ние сме преокупирани со нејзиното производство, шармирани од нејзините производители и обземени со нејзината презентација. Храната стана идеал, дури и израз на културен копнеж за многу образовани урбани професионалци и културолози. Методи Ангелов и порано се занимавал со вклучување на храната во визуелното изразување, каде покрај вклучување на несвојствен […]