„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица
„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август. Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, […]