Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Изложбата на Спасе Куновски (1929 -1978) ќе се одржи на 9 декември 2016 година во Даут пашиниот амам со почеток од 19 часот. …Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои прицврстена чорапа, а на другата – која исто така има дрвен инкарнат како градите – подвезицата е прицврстена со игла. […]

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети. На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети. Сликарството на маестро […]

Meѓународна групна изложба „Набљудување без набљудувач“

Во понеделник, 17 октомври во 19 часот, Чифте амам, Скопје имате можност да присуствувате на отварањето на Меѓународната групна изложба „Набљудување без набљудувач“ е поставка составена од дела во коишто како мотив и „објект“ се појавува присуството на човекот, телото, фигурата и телесноста, и нивните „модификации“ од аспект на уметнички промислувања и авторски перцепции. Самите дела, освен субјективниот контекст, ги изразуваат и социо-културолошките актуелности/опкружувања од кои овие „теми“ се извлекуваат и креираат. „Тематската“ определеност на […]

Изложба на Славица Јанешлиева „Состојби“

На ден 13.10.2016 година (четврток), со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена самостојната изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Состојби“. Во најновиот проект Јанешлиева со за неа препознатлив директен и симболичен критички јазик се осврнува на контроверзните појави во општеството на глобално и локално ниво. Реакциите, дилемите и ставовите кои се однесуваат на актуелните теми и состојби што го креираат секојдневното (не)функционирање на општеството, […]

Изложба на Гордана Вренцоска Неизложено: моите споредни приказни

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 октомври 2016 година, во 20 часот ќе се отвори изложба на Гордана Вренцоска со наслов Неизложено: моите споредни приказни. Во eрата на сеопшта изложеност и откривање на приватноста, широкиот свет на уметникот e сепак најмногу видлив низ потесната призма на неговите јавно изложени дела. Но, како е да се изложат „споредните приказни“ од возбудливиот и непрекинат уметнички процес? Неизложено: моите споредни приказни е составена од […]