Изложбата „(По)трагите на водата“ во Куманово

„(По)трагите на водата“ е наслов na изложбата на акварели што ќе биде отворена денес, петок, 5 февруари, во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Проектот (По)трагите на водата започна во мај 2015 година во просторот на Чифте амам во Скопје, […]

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во […]

Потпишан меморандум за соработка меѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, Кина

Вчера, (четврток, 28 јануари) во просториите на мултимедијалниот центар Мала станица беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Национална галерија на Македонија и Уметничкиот музеј во Нингбо, од Народна Република Кина. На средбата помеѓу претставниците на двете институции се искажа подготвеност за продлабочување на соработката, културна размена со Уметничкиот Музеј во Нингбо, Народна Република Кина на база на реципрочна соработка, размена на идеи, искуства, знаења, уметност, уметници и друго, со цел запознавање одблиску со културата […]