“Theoria” изложба на Зоран Попоски во Мала станица

На 15 јуни 2017 година (четврток), во Националната галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала станица, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Зоран Попоски под наслов “Theoria”. Интердисциплинарниот македонски уметник Зоран Попоски својот најнов проект насловен “Theoria” го базира врз принципите на повеќеслојното истражување во доменот на културните и општествените теории и практики, поставувајќи се себе си како аналитичар и критичар на мноштво теми кои се однесуваат на идентитети, територија, јавен простор итн. […]