Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица

Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот. Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, […]

„Урбани документи: пејзаж – слика – предел“ во Мала станица

Годинава, повеќе од триесет европски земји ќе се приклучат на одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ во знакот на заедничката тема „Природата и културното наследство“. Во рамките на оваа општа тема планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.Настаните по повод манифестацијата ќе се одвиваат во периодот од 15 до 22 септември. Националната галерија на Македонија ќе реализира настан во рамките на оваа европска иницијатива и ќе земе учество на манифестацијата со тематска изложба „Урбани документи: […]

Јавна дебата на НГМ со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“

На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“. Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија. На оваа јавна дебата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова […]

Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам

Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник),  во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија. Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната […]