Ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ во Даут пашин амам

Почитувани, Задоволството е да се прикаже труд вложен во изминатите 300 дена од оваа календарска година, 7200 часа потрошени во креативни истражувања трајно втиснати на 240 страници јубилејно идание со наслов „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ на издавачот Национална галерија на Македонија. По овој повод Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев“ имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Петар Мазев […]

Промоцијата на монографија на Евгенија Демниевска

Почитувани, Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во Чифте амам, насловена „Метаморфози на линијата“. Промоцијата ќе се реализира на 27 октомври, петок, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија – Чифте амам. На овој настан, покрај промоција на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои […]

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.

“Фрагилност” – Изложба на графика на Шќипе Мехмети

Ве информираме дека во рамки на својата годишна програма Националната галерија на Македонија ја презентира изложбата на младата графичарка Шќипе Мехмети, која ќе се одрќи на 24.10.2017 година, вторник, во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20.00 часот. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и […]

Изложба на Евгенија Демниевска во Чифте Амам

Ретроспективна изложба на македонската уметница Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“ ќе се отвори на 5 октомври во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам. Изложбата ќе трае до 29 октомври. Демниевска рече дека ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега. – На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата […]