Донација на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од НГМ
Толку многу настани, ликовни работилници, креативни авантури, прекрасни искуства поминавме во оваа 2017 година. Нова Година е период кога луѓето подаруваат, денови кои ја греат душата и срцето. Оваа година, повеќе од успешна, ја заокруживме со хуманитарна акција. Годишната изложба на основните училишта со наслов „Мазев и јас“ која беше отворена на 19-ти декември во Даут пашиниот амам беше уметничка ревија на детски платна насликани и инспирирани од творештвото на Мазев. Концептот на овој проект, […]
Изложба “Икони XIV-XX век” од колекцијата
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 декември 2017 година (петок) во 19 часот ќе се отвори изложбата “ Икони XIV-XX век”. Во средината на дваесеттиот век во културното живеење во Македонија се јавува потреба македонската ликовна сцена да биде водена и поттикнувана од стручна институција во која би се презентирала и афирмирала македонската ликовна уметност. За таа цел била извршена адаптација, односно конзервација и реставрација на Даут пашиниот амам и истиот […]
Годишна изложба на основни училишта – „Мазев и јас“
Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19-ти декември 2017 година (вторник), во 12:30 часот ќе се отвори Годишната изложба на основни училишта со наслов „Мазев и јас“. Веќе два месеци наназад Даут пашиниот амам е центар на интерес на љубителите на ликовната уметност со тековната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Овој проект кој го презентира делото на бардот на македонската модера и постмодерна беше вклучен во едукативната програма на […]
Резултати од Конкурсот за реконструксија и просторна редефиниција на Мала станица
Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираше потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повика стручната и компетентна фела (архитекти, уметници од различни дисциплини, дизајнери, музеолози, историчари на уметност итн.) на јавна дискусија која се одржа на 06 […]
Втора дебата „Институција за можните иднини“
Почитувани, Со задоволство ве известуваме и воедно ве покануваме на втората и последна дебата од серијата „Институција за можните иднини“, која ќе се одржи на 12 декември 2017 година (вторник) во 12 часот во НУ Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам. Оваа серија на дискусии е курирана од Ивана Васева како надворешен соработник на Националната галерија на Македонија и се одржува во контекст на најавата за јубилејот 70 години од основањето на Уметничка […]
Оглас за вработување
Јавен оглас за вработување 02/2017 за вработување на 1 (едно) лице, давател на услоги на наопределено работно време во Национална установа, Национална галерија на Македонија – Скопје, за следново работно место, на ниво на шифра: 1. Ниво Д03, шифра 03 04 Д03 003, назив на работно место Конзерватор. Избран е следниот кандидат:
Самостојна изложба на Бурхан Ахмети
Oтворање на самостојната изложба на Бурхан Ахмети на 8-ми декември 2017 (петок), во Чифте амам, 19:30 часот. Делата на Бурхан Ахмети, како графиката така и комбинираната техника на платно, некои меѓународно афирмирани а други нови тукушто појавени на сцената, се однесуваат на реорганизирање на доживувањата на реалноста, на различниот пристап при примената на сликите, а со тоа и на редизајнирање на светот на видливото, смисленото и можноста. Се говори и за убавината на индивидуалното уметничко […]