Од отворањето на ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада

Повторно, илјадата метри квадратни изложбен простор беа премали да се распостели дел од ретроспективното творештво на Дадата и да ја собере сета публика, почитувачите на работата на Националната галерија на Македонија, љубителите на творештвото на доајенот на македонската скулптура и уметност. На отворањето стотици лица беа надвор на двата влеза од објектот чекајки можност да го погледнат мозаикот на распосланиот мермер обликуван од рацете на еден голем уметник, дрвените и брозаните скулптури, минајтурите репродуцирани во […]

Прес и потпишување на Договор за доделување на грант од страна на Амбасадата на САД во Македонија

Во годината на одбележување јубилеј – 70 години постоење, со особено задоволство ја информираме јавноста дека Националната галерија на Македонија е институција, добитник на грант кој го доделува Амбасадата на Соединетите американски држави во Република Македонија од Федералната програма „Амбасадорски фонд на Соединетите американски држави за заштита на културата“ за 2018 година. Проектот кој ја доби подршката носи наслов „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од […]

Од отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ во Чифте амам

Скопје во средата (17 октомври 2018) доживеа културна ренесанса, навидум „Бела ноќ“, многу настани во една ноќ. Во изобилието на богатата културна понуда, без лажна скромност, може да се каже дека отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ беше централен настан. Чифте амам блесна во полн сјај, поставката која одзема здив, најбогатата колекција на Националната галерија беше презентирана во формат на проект на европски или светски ранг, каде се беше […]

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада

Проектот од Годишната програма за 2018 година,  Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето на 24 октомври 2018 година, (среда). И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција. Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена во 19 […]

Оглас за вработување – шифра КУЛ 03 04 Д03 002

Во врска со члeн 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија. бр. 27/14.199/14, 27/16 и 35/2018). член 22 од Законот за работни односи (..Службен весник на Република Македонија број 62/2005,106/2008. 161/2008,114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10,124/10, 47/11,11/12, 39/12,13/13, 25/13,170/13,187/13,113/14, 20/15, 33/15, 72/15,129/15,167/2015 и 27/2016), член 77-г од Законот за културата (..Службен весник на Република Македонија број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18) […]