Изложба „Неименуваното е одговор“

Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од […]

Проект „Магла“ на кураторот Ави Лубин

Проектот „Магла“ е кураторски проект на Ави Лубин, куратор од Израел, во кој учествуваат уметниците: Алберт Алгаер, Газмент Ејупи, Фатмир Мустафа, Луан Бајрактари и Дритон Селмани. Оваа изложба која е насловена Магла, по првото искуство на кураторот Лубин со Косово, т.е. со маглата на аеродромот кој го отежнал слетувањето, има за цел да одговори на неколку дискурси и тоа: Што значи да се биде делумно признаена држава како што е Косово? Што значи да се […]

Изложба на Александар Кондев – Фото приказна: „FRAUENKIRCHE – Проект во процес“

Проектот „FRAUENKIRCHE – проект во процес“ ја потенцира документаристичката страна на фотографијата, но во случајов користејќи ја можноста за континуирано регистрирање на повеќегодишната обнова на катедралата FRAUENKIRCHE во Дрезден, целосно уништена за време на сојузничките бомбардирања на овој град во последните месеци на Втората светска војна. Наспроти тоа, на граѓанска иницијатива на жителите на Дрезден, во осумдесеттите години на минатиот век започнува постапната реконструкција на оваа катедрала, врз основа на зачуваните планови и (преку посебна […]

„Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми”

На 17 април 2019 година (среда) , со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде одржана промоција на монографското издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка. Изданието под наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми” содржи повеќе текстови од следните автори: проф. д-р Владимир Величковски (авторски текст за творештвото на Костадин Танчев – Динка), проф. д-р Тони Васиќ (текст за најновиот проект – Интегрални графики […]

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во чест на 550 години од раѓањето на Скендербег. Во тек се подготовките на изложбата на Мифтар Мемети која според планираното треба да се одржи во мај, во објектот Чифте амам. Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10 годишен труд инспириран од албанската историја и култура токму по повод […]

Изложба на Африм Спахиу

Самостојна изложба на Африм Спахиу во Чифте амам, на 18 април 2019, со почеток во 19 часот… Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент на уметноста. Роден е во Дебар на 3 мај 1951 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб, во класата на професорот Никола Танхофер. Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во Косовафилм. Тој е директор на фотографија на повеќе од 15 филмови од 1977 година […]

Дела од колекцијата на Националната галерија по повод Денот на жената

Националната галерија на Македонија, по повод меѓународниот Ден на жената, организираат изложба насловен „За неа“, која ќе се отвори на 7 март (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Старата скопска чаршија. По минатогодишната „Чудешните жени од колекцијата на НГМ“ ова е второ издание, кое од според зборовите на директорката Дита Старова Ќерими, се планира да прерасне во традиционална изложба која ќе се отвора во очи 8 март (ден […]

Детски ликовни работилници по повод “Изложбата на Танас Луловски”

По повод “Изложбата на Танас Луловски” (која се отвори на 20 декември 2018) во Даут пашиниот амам ќе се организираат серија детски ликовни работилници ( деца од 6 – 12 годишна возраст) и тоа секој ден почнувајќи од 09 – 11 јануари. Работилниците се со едукативен карактер и имаат за цел да ги поттикнат децата да работат на креативноста и да го извлечат своето внатрешно јас на платно. Работилиците ќе бидат во периодот од 12:00-14:00 […]