Проектот МО(НУ)МЕНТ на Гоце Наневски во НГМ

На 21 јуни 2014 година, со почеток во 20:30 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, на локација на ул. Јордан Мијалков (поранешна ул. Железничка) бр. 28, ќе биде презентиран проектот МО(НУ)МЕНТ на реномираниот македонски уметник Гоце Наневски. Проектот е составен од комплексен објект со димензии 5500 х 3295 х 2250 мм и видео проекции.

Pokana Goce Nanevski

Проектот „МО(НУ)МЕНТ“ е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година и е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Партнер на овој проект, кој се презентира во рамките на Манифестацијата „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. Спонзори на продукциската изведба на мега-проектот „МО(НУ)МЕНТ“ се МЗТ-Пумпи и Сектор филм, а во реализацијата на истиот се вклучени голем број соработници.

Одговорен кустос на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска.

Проектот ќе биде достапен за јавноста до 30 јуни 2014 година. Заради специфичните техничките потреби, локацијата на која е поставен објектот ќе биде отворена за посетители секој ден (освен недела), во период од 20.30 – 22.00 часот.

МО(НУ)МЕНТализам

Најновото остварување на авторот Гоце Наневски насловено едноставно „МО(НУ)МЕНТ“ претставува своевидно продолжување на неговите досегашни истражувања во доменот на тридимензионалната објектност. Во дадениот случај, наспроти минималистичката геометричност истакната во неговите рани дела (почнувајќи од првите самостојни изложби во Младинскиот културен центар, Скопје, 1998 и во Музејот на Град Скопје, 2002), во последните години, почнувајќи од 2006 навака (Пат, ЛУ Народен музеј Велес, 2006, Педесет или педесет, Музеј на современата уметност – Скопје, 2006), а особено изразено во неговиот проект Педесет или педесет, претставен на 53 Биенале во Венеција, од особен интерес на авторското дејствување се развивањето и реализацијата на монументални објекти и инсталации (придружени со звук и видео) кои наједноставно може да се сведат под одредницата мобилни.

Значаен за конкретизирањето на техничко-механичкиот мобилен аспект на медиумот е интересот на Гоце Наневски за движечкиот принцип, не само во скулптурата, туку за движењето како концепт во создавањето и во егзистирањето на уметноста (и животот генерално). Фасцинацијата од движењето кај авторот е поврзана со еден мобилен механички сегмент, присутен во споменатите изложби од 2006 година навака. Овој механички сегмент – бројченик од автомати на бензински пумпи, на ниво на симбол или артефакт или код, во крајна линија, е секвенција од стварноста тесно поврзана со значењето и со толкувањето на поимите движење, простор, време. Иако по образование и вокација е вајар, со овие неколку посочени изложби се конкретизира отклонот на Наневски од она што се нарекува „традиционални содржини“ (Б. Иванов), во различни медиуми, не само објект, туку и видео. Воедно, наведените проекти најавуваат развоен пат кон ослободување од формалниот аспект на скулптуралноста; ова ослободување е база за различни толкувања што зафаќаат сè повеќе во сферата на ангажираноста со допирање (директно или индиректно) до културните, социјалните, општествените состојби од една страна и со емоционалните и психичките состојби на личноста од друга страна.

Восприемено од технички аспект, сложеноста на објектот опфаќа повеќе секвенции што содржат професионално изработен механички и електронски дел, односно кинетички момент, но и електронски софтвер што овозможува движење на редимејд-објектот, а сето тоа надополнето со видеопроекции. Замислата за физичко движење не е нова и непозната во уметноста, а мобилните објекти се дефинираат најшироко како статични скулптури и објекти чии елементи може да се движат и да се поместуваат, додека пак оние механички дела што се движат во простор, условени од софтвер и со својот изглед и однесување навестуваат дури и роботички елементи. Овој скуптурално-механички систем, изведен во монументални димензии, во формално појавна смисла, ги содржи елементите на двата различни система.
Спинот како момент на движење, односно мобилен механички момент е од круцијален интерес и за најновиот проект на Гоце Наневски. Централен елемент/објект на мегапроектот „МО(НУ)МЕНТ“ е култното “фиќо” (автомобил фиат 500), објект изваден и изместен од своето опкружување и поставен на „пиедестал“, со што следствено добива функција на естетски објект.Од социолошки аспект, оваа ретродизајнерска икона на секојдневниот семеен транспорт во седумдесеттите години на 20 век (во Европа нешто порано), иако веќе многу ретко, денес речиси воопшто неприсутен автомобил, е монументалистички доживеана од авторот како синоним на животот и воопшто индустрискиот развој и како еден од можеби најпопуларните артефакти на едно време, продукт на масовната култура со исклучителен индустриски дизајн и практичност. Воедно, овој естетски дефиниран механизам со својата практичност од аспект на економска достапност е симбол на слободата на движење. Концептот на движење како слобода е претставен со неколкуте видеа со различни „протагонисти“, кои, поставени во секојдневни „спин“-ситуации, го потенцираат контрастот статичност-мобилност.

Гоце Наневски на своите објекти им приоѓа сериозно, но со одредена и сè повеќе нагласена доза на иронија и на критичност. Иако овој критички аспект не е веднаш читлив и наметнат, се рефлектира во ставовите на авторот, според кого, проектот „МО(НУ)МЕНТ“ во својата основа треба да мапира една слика за човекот што го дефинира како одговорен субјект кој влијае врз неговото опкружување и обратно, кога неговите одлуки и реакции се условени од заемната спрега личност-општество, со испитување на системите на веројатност.

Комплексниот проект „МО(НУ)МЕНТ“, со обидите да се дефинираат поимите движење и време, чија феноменална појавност е предмет на интерес на толкувања од различна физичко-математичка и философска природа од антички времиња, па сè до денес, е сериозно ангажиран и во крајна линија реферира на состојбата на човековата егзистенцијална поставеност и појавност во денешните социјално-општествени рамки и системи.

Маја Чанкуловска-Михајловска

___________________________________________________

Фотографии од отворањето…

 

no comments

Read more...

Завршна изложба од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС

Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам …

umetnikot i jas 1

По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам на 19 мај 2014 година (понеделник) во 11 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС.

Во изминатиов период деца од предшколска возраст, како и ученици од неколку основни и средни училишта работеа студии во најразлични сликарски техники, инспирирани од нашите репрезентативни дела на македонски ликовни уметници, кои се дел од постојаната поставка на збирката. Акцентот треба да се стави врз интересната компарација со различниот прием и приказ на различните целни групи кон истите ликовни мотиви.

Ликовната работилница е реализирана како дел од годишната едукативна програма, а модератор беше ликовниот уметник Ацо Таневски.

umetnikot i jas 2

 

__________________________________________

Слики од изложбата и доделувањето на наградите во Даут пашин амам.

umetnikot i jas 3

umetnikot i jas 4

umetnikot i jas 2

umetnikot i jas 1

no comments

Read more...

Поставка од изложбата TIME COLLECTORS project

Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект…

Time collectors vo Cifte amam 26

TIME COLLECTORS project е меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Владимир Симоновски (Македонија), Владо Ѓорески (Македонија) и група „Колегиум“ (Македонија).

no comments

Read more...

Изложба на Илија Кавкалески во КИЦ Софија

 Изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија …

Pokana_Kavkaleski

Во организација на Националната галерија на Македонија на 29 април 2014 година (вторник) во 18.30 часот во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели.

Илија Кавкалески – Кавкале целиот живот создава дела во кои се вткаени неговите емоционални чувства. Уметност искрена и чиста, ослободена од секаква филозофија. Станува збор за визуелизирана чувственост која се спротиставува на деструктивноста и дехуманизацијата на цивилизацијата на векот кој штотуку одмина. Опседнат од природната убавина овозможува да ја откриеме неговата мотивска приврзаност. Во тие заносни чувства ги откриваме чувственоста, страста, занесот по природната убавина и атмосферската типичност на околината, како визуелни раздразнувачки впечатоци и спомени. Пејзажи окапени во сончеви бои, езерска свежина, средоземна врелина, типична синевина, езерско-морски бранувања. Сликарски хармонии создадени од меланжот на палетата на уметникот, глетки лично доживеани, копнеж, чувства, спектар на бои, глетка на духот во обидот да се доловат неповторливите мигови на постоењето. Авторот во овие негови ликовни записи внесол задоволство и импресија за претставата и мотивот, рожба на сопствените ликовно-лирски размисли. Неговата милозвучна енергија што извира од овие дела сигурно никого нема да повреди и да оптовари, туку напротив во допирот со највредното ликовно во нас ќе ги побуди искреноста и восхитеноста.

kavkaleski 1 minhauzen

Легитимен сонувач, лиричар што со леснотија слика спонтано, со чиста душа, исполнет што создава убавина за другите. Делата на Илија Кавкалески се негова визуелна рецепција претворена во бои и форми кои промовирааат пораки за среќа, љубов, слобода и спокој. Сликарство едноставно искрено и чисто.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2014 година.

kavkaleski 1

На изложбата свое обраќање ќе имаат г-ѓа Маја Неделкоска-Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија, г-дин Васко Шутаров, директор на Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија и г-дин Љупчо Маленков, виш кустос во Национална галерија на Македонија.

_________________________________________

Синоќа во КИЦ на Република Македонија во Софија беше отворена првата самостојна изложба од акварели на нашиот познат уметник Илија Кавкалески-Кавкале.
Во Софија, Кавкалески се претстави со 20 дела, кои предизвикаа внимание кај посетителите на нашиот Центар во Софија. За делото и уметничкиот пат на Илија Кавкалески зборуваа директорите на Македонскиот културен Центар и Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров и Маја Неделкоска-Брзанова, како и Љупчо Маленков, виш кустос. Проектот е целосно подржан од нашето Министерство за култура.

no comments

Read more...

Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

pokana Miloseski

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески.

На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова може да се постави прашувањето колку е битно местото на живеење за творење.

Денешниот номадизам се потпира на постмодерното наследство, со поимите номадизмот во денешните услови се бара експериментален витализам и прагматска етика за да може човекот да се движи меѓу териториите, идентитетите и доминантните значења кои го зафакаат секој простор од општеството. Номадизмот бара практичен сензибилитет кој ќе може да мутира и да ги одбегнува овие граници.

Уметниците во последните години во голем број се отселуваат (оттуѓуваат) со цел изнаоѓање нов простор, во кој ќе можат да воспостават нова комуникација. Уметникот сака да твори било каде, но со постојана мисла за некаков центар? Милошески прави еднодневен перформанс (екскурзија) со својот експонат (уметнички експонат) – овца во уметничка галерија и затоа ја одбира метрополата како точка, како една линија, без никакви последици.

За заокружување на делото на концептот за мутантите се обидува да иронизира со здруженијата за заштита на животните, но и со здружението за заштита на лугето.

На изложбата ќе бидат изложени 19 принтови и експонат – овца.

ljubomir milosheski chifte 1

ljubomir milosheski chifte 2

ljubomir milosheski chifte 3

no comments

Read more...

Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници.

raspetie Janeslieva 1

На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес.

Zernovski 2

Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, па се до објекти, инсталации, фотографии, видеа, плакатски решенија) нудат една поопшта слика на актуелностите во македонската современа уметност во последната деценија.

Низ дванаесетте селектирани гледишта на Искра Димитрова, Ирена Паскали, Славица Јанешлиева, Зени Балаќи, Александар Спасоски. Мирослава Микица Трујкановиќ, Таби Азири, Дијана Богдановска, Осман Демири, Гоце Наневски, Велимир Жерновски и Филип Јовановски е акумулиран симулакрумот „Леб и сол (Транзиција и пол)“. Преку авторските визуелно-концепциски јукстапозиции допрени се перспективите на забореваната традиција и припадноста, како и брзата глобализација чиј еден од многубројните последични рецидиви во културолошки смисол е појавата и негувањето на турбо и поп културата, со емфаза на кичот.

Се обработува дихотомијата сиромаштија („лебот наш насушен“) – изпермутиран квази капитализам. Потоа, од историска призма, се наѕираат аспектите на наметнатиот матријархат (од времето на печалбарството), па преодот во патријархат во социјализмот, до денешното, затскриено ривалство на половите за доминација (и покрај начелната еднаквост и рамнотежа).

Низ визуелни решенија се допираат и ставовите, произлезени од општествените стеги и наметнатите авторитарни нормативи, на феминистичките групи за себството, а исто така и правата, еднаквоста, слободата и почитувањето на поинаквите во сексуалната определба. Аспектот на “lost in translation” или лична интерпретација на „изгубени во преводот“ … транзицијата.

paskali

Куратор на изложбата е Ана Франговска.

Изложбата ќе ја отворат г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија, г-а Карин Цимер, од Министерството за образование, уметност и култура на Австрија и г-дин Ѓорѓи Филипов, амбасадор на РМ во Австрија.

——————————————————–

Искра Димитрова, авторка со уметнички дефинирани и цврсти ставови за својот женски творечки јазик, преку перформативни (т.е. акциски) или преку интровертни експлорации ги обработува дискурсите на себството и идентификацијата пред се, потоа на својата женска природа (истражувајќи ги и границите на андрогеност или безполовата принципиелност), аспектите на физичкото наспроти духовното присуство / отсуство (користи одливци од своето тело или траги од него), стравот, медитативноста, пулсирањето. Транзициските процеси (видени низ различни призми) го определуваат „портретот“ на презентираното тело кое балансира меѓу живата реалност и апстрактното ништо.

Ирена Паскали го презентира сопствениот пат на „одење“ од исток кон запад виден низ нејзината женска призма. Тој пат и беше и сеуште е едно решение за бегство кон подобри услови за живот на жителите на луѓето од социјално загрозените земји, во најголем дел земјите од источниот блок, кои се соочија со многубројни транзициски состојби. Тоа е пат на одење „по јаже“ кој е сосема несигурен и кој не гарантира никаква иднина. На патот човекот се соочува со разнородни политички информации кои поставуваат замки и ограничувања. Паскали емфазира и одредени социо-политички сцени од минатото и од сегашноста, а политиката на тој пат ни е нам се. Босоноги пуштени во авантурата за потрага на подобро утре патникот во неа (политиката) го гледа и утрото, пладнето и вечерта, таа му е татко и мајка. Таа е животната циркулација.

Славица Јанешлиева во своите дела честопати ја истражува историјата на својата фамилија, навлегувајќи во суштината на традицијата, на раскажувањето на приказни, преданијата, светоста на бракот и релацијата на машко – женските односи, минатото човекољубие наспроти денешниот какофоничен релативизам кон се што значи почитување, релација, однос. Реинтерпретирајќи разнородни фактички аспекти видени низ сопствената уметничка и женска визура, се навраќа кон традиционалните спецификуми преиспитувајќи ги генеалошките дискурси, како и дискурсите на себе-идентификацијата.

Зени Балаќи прави одлична игра на опоненции, на спротивставености, покажувајќи го својот однос кон бидување активен и самосвесен сочинител во општественото битисување. Поврзувањето на старите елементи, преку концептуалниот именител (во ready made, фотографски, дизајн визуелни  решенија) со сосема диверзни принципи, несвојствено апликабилни на примарниот чинител даваат една ребелионска димензија на имиџот. Половите асоцијации и користењето на симболиката инклинираат кон меѓусебната зависност на двата принципа (машкиот и женскиот).

Александар Спасоски го третира воајеризмот, како специфика на многу поединци, но пред се како  својствена карактеристика на социјално загрозените земји како своевиден одговор на сопствената неисполнетост и желбата за нурнување во и живеење на туѓиот живот. Тој синдром –воајеризмот, говори и за осаменоста на современиот човек, отуѓеноста и минливата комуникација. Сакајќи или не, во видеото, Спасоски секој од нас го става во улога на воајер, во позиција на безизлезност и миметичност, состојба без почеток и крај, континуирано сведоштво без конклузии и завршени приказни.

Мирослава Микица Трујкановиќ низ апсолутно лична визура (она е секогаш соучесник или набљудувач на актот во самото дело) на силна женска индивидуа, ги согледува општествените малформитети, транзицијата, ја соопштува својата нетолерантност кон натрапниците, кон непоканети освојувачи на колективниот и индивидуалниот простор, кон политичкиот диктат, свесна за својата одговорност. Спојот на класичното сликарство со фотографскиот колаж од друга страна дава интересни ликовни решенија за старо-новите зависности.

Таби Азири низ медиумот на плакатски дизајн ги согледува актуелните општествени состојби, токму низ машко – женските релации. Двата принципи, нивната инклинација и испреплетеност преку чист графички базис говорат за аспектот на еквилибрум и надополнување.

Дијана Богдановска го обработува синдромот „балканска жена“ „фрлена“ во канџите на балканскиот мачо маж кој има желба да се „европеизира“. Потеклото од мала средина, големиот број економско-социјални пречки создале своевиден стигматизам и нагласено феминистички став за состојбите. Копајќи во сопствената психо/физичка меморија Богдановска создава индивидуална антрополошка археологија.

Осман Демири со затскриени визуелни асоцијации, а преку одлична композициска селекција на „апстрактни“ призори од реалноста ја доловува самата срж на тематот. Во порите на меморијата, во секое ќоше од нашето секојдневие се крие токму споната старо-ново, се гледа постојаната естетска тензија во постоењето на затскриен еротизам и испреплетеност на двата полови принципи.

Гоце Наневски преку лексички загатки допира разновидни аспекти на традицијата, на себеидентификацијата, на половата меѓузависност, на аспектот на поседување, бидување дел од итн. Во неговите когнитивни и метакогнитивни синтаксички кованици, тој интерперсонализира лични разбирања, интелектуални и практични вештини, политички и национални проблеми, фолклорни  вредности. Решението на загатката е индивидуално, со што реципиентот е мисловен партиципатор во делото на Наневски.

Велимир Жерновски во „Distitle“ („Забрана за наслов“) го третира прашањето на срам и општествена стигматизираност на геј и феминистичките движења од искажување на своите емоции и ставови, како последица на општествената затвореност и како сениште од минатото во неразвиените земји, меѓу кои и Македонија. Срамот и стравот пак се неадекватни за денешниот современ човек генерално гледано, на човекот кој е гордо себе-идентификуван (streit или gay), независен, индивидуален. Во таквите услови тишината и конформизмот го превземаат приматот во социјалната комуникација на вака стигматизираните индивидуи, наместо слободниот дијалог, насмевката и признанието без обвинување.

Филип Јовановски во неговите замрзнати видеа, дел од концептот Don’t stare so romantically го обработува социјалниот аспект и транзицискиот апсурд преку работници кои и покрај нискиот економски статус и социјалната незгриженост „позираат“ како модели во контекст на транзициската естетика на денешна Македонија. Покрај нив на надреален начин се појавува женска фигура (слична на „Слободата го предводи народот“ од Делакроа) која како женски елемент, како „светлина“ меѓу овие фигури најавува револуција, но сите заедно од главни „сочинители“ стануваат само неми сведоци на немоќ и резигнација.

 

 

no comments

Read more...

(фото) Отворена изложбата “Есен” од уметницата Афердита Кики во Софија

Синоќа во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата “Есен” од уметницата Афердита Кики.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Авторката се претстави сo асамблажи и колажи oд својот најнов творечки опус. Ова беше нејзино прво претставување пред бројна публика во главниот град на Бугарија, а нејзиното гостување поддржано од Министерството за култура на Р. Македонија и остварено во соработка на КИЦ на Р. Македонија во Софија и Националната галерија на Македонија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Изложбата ја отворија директорот на македонскиот центар Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Македонија Халиде Палоши и кураторот на изложбата Љупчо Маленков.

За 26 Септември, КИЦ на Р. Македонија најавува отворање на изложба на скулпторот Жарко Башески во галеријата “Париз/Москва” а на 3 Октомври изложбата “Моми”-и двете во соработка со Музејот на современа уметност во Скопје.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

no comments

Read more...

Изложба на Станко Ѓорѓиев во КИЦ Софија

Почитувани, Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, ќе се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев.

Stanko Gjorgjiev

Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи го во бројни варијанти она што го изнесе на својата прва изложба. Презентираните дела се резултат на долг работен процес, на неговиот творечки раст, а сето тоа одбележува творечка личност што секако ќе заземе високо место во македонската современа ликовна уметност.

Интимистичко по својот карактер, сликарството на Станко Ѓорѓиев содржи елементи на мистичното, рационалното и интуитивното. За него сликата е самостоен естетски предмет што овозможува да се изразат состојбите на сопственото битие, внатрешните немири и визии. Така, ја откриваме структурата на неговите размисли и чувства, а длабоко во сликата пулсира неговата сликарска мисла. Делата зрачат со продлабочено траење што нуди немир и возбуда од визуелните претстави, така што ни стилизирањето на податното не го поедноставува податокот, туку, напротив, искажан со ликовен јазик постигнува нови естетски доживувања.

За творешвото на Станко Ѓорѓиев ќе говори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

stanko gjorgiev sofija (3)

stanko gjorgiev sofija (2)

stanko gjorgiev sofija (1)

Со почит,

Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...

Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

NGM Cifte amam avstriska izlozba (3)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (2)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (4)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (5)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (6)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (7)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (8)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (1)

no comments

Read more...

Прес по повод изложбата „Копнеж по реалното“ во Чифте амам

Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 јули 2013 година (понеделник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

NGM Einladung Skopje-digal back

no comments

Read more...