Aпстракцијата во современото македонско сликарство и скулптура

На 29 декември (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде поставена изложбата „АПСТРАКЦИЈАТА ВО СОВРЕМЕНОТО МАКЕДОНСКО СЛИКАРСТВО И СКУЛПТУРА“. Изложбата ретроспективно ја елаборира појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од периодот на шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја […]

Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе се отвори ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај […]

Изложба ,,Мојот универзум ‘’ во Чифте амам

На 5 декември (понеделник) 2016 година, со почеток од 13 часот во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата ,, Мојот универзум ‘’. Преку оваа изложба Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во таа насока беа организирани ликовни работилници на кои се изработуваа дела на стакло и коноп. […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во […]

Групна изложба “Конекција 2” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, на 1 декември 2016 година (четврток), со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба “Конекција 2”. На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни градови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин […]

Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир. На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 […]

Работилница “Моето име, мојата боја” во Мала станица

Еднодневна ликовна работилница Моето име, мојата боја во Мала станица. На ден 28 ноември 2016 година, во новоотворениот детски едукативен центар на Национална галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде реализирана еднодневна ликовна работилница МОЕТО ИМЕ, МОЈАТА БОЈА на која ќе учествуваат ученици од основното училиште Даме Груев, под раководство на ликовниот едукатор Александар […]

Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Изложбата на Спасе Куновски (1929 -1978) ќе се одржи на 9 декември 2016 година во Даут пашиниот амам со почеток од 19 часот. …Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои […]

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети. На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно […]

Meѓународна групна изложба „Набљудување без набљудувач“

Во понеделник, 17 октомври во 19 часот, Чифте амам, Скопје имате можност да присуствувате на отварањето на Меѓународната групна изложба „Набљудување без набљудувач“ е поставка составена од дела во коишто како мотив и „објект“ се појавува присуството на човекот, телото, фигурата и телесноста, и нивните „модификации“ од аспект на уметнички промислувања и авторски перцепции. Самите […]