Ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ во Даут пашин амам

Почитувани, Задоволството е да се прикаже труд вложен во изминатите 300 дена од оваа календарска година, 7200 часа потрошени во креативни истражувања трајно втиснати на 240 страници јубилејно идание со наслов „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ на издавачот Национална галерија на Македонија.

Pokana2

По овој повод Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев“ имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“.

Петар Мазев е еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство. Неговиот опус опфаќа широк распон на ликовен израз кој се движи од фигурација, преку енформел до карактеристичен ликовен ракопис кој ги обединува овие две ликовни експресии. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации ликовни автори, а земјаќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на дел од неговото творештво во перидот од неговата смрт до денес, проектот како јубилејно одбележување на 90 години од неговото раѓање всушност ќе вклучи еден своевиден пресек на неговото творештво, како потестување на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

На изложбата која подразбира 90 години јубилеј од раѓањето на академскиот сликар Петар Мазев, ќе бидат поставени дела од повеќе фази од неговото творештво. Станува збор за уметник кој е несомнено на врвот на македонското современо сликарство. Се работи за автор со индивидуалност на која не и требаат апологетски терминолошки одредници, за индивидуалност што најдобро се брани без посредници, со самото живеење на уметничкиот израз врз платното. Мазев е речиси единствен преставник на својата сликарска генерација чие творештво течеше по оригинална и единствена насока на развојниот дијаграм. Визијата на Мазев тргнува од реалноста само затоа низ разработувањето да ја поништи како таква во самото дело: конкретниот свет му служи само како повод за бегање во сопствената реалност. Затоа неговиот опус се уште е отворен и привлечен за ново разоткривање.

Мазев почнува со фигуративни композиции (во педесеттите), речиси една деценија подоцна го прифаќа енформелскиот израз, за по неколку години да дојде на идеја да ги стави паралелно на една иста слика овие два ракописи. Всушност неговиот експресионизам минал низ неколку фази во творештвото на Петар Мазев (во кои особено е значајна “белата фаза„), за да под влијание на апстрактниот експресионизам на Вилием де Куниг и групата Кобра создаде апстрактно-фигуративен експресионизам со гестуална акција и силен колорит. Така неговото сликарство станува егземплер на можното заедничко опстојување на овие две ликовни експресии долго време антагонистички поставувани и толкувани. Во периодот пред и во осумдесеттите години на сликите на Мазев им ставаме посмодернистичка етикета, но при тоа се прашуваме дали Мазев уште од 1967/68 година (кога почнува да работи во овој дух) не ја најавува Посмодерната во Македонија? За него се валидни ,,дивјаштвото на чуствата‘‘ како лична вредност и фаустовската индивидуална волја и моќ, наспроти вербата во младоста на уметноста што не венее. Имено, желбата човекот да биде надмоќен, да биде херој, е најизразена кај големите уметници, и оттука резултира во големи дела. Мазев е несомено еден од тие големи уметници.

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Роден 1927 година во Кавадарци. Завршил Ликовна академија во Белград во 1953 година кај Проф. Зоран Петровиќ. Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје, Република Македонија. Значајно е да се напомене дека бил главен иницијатор за формирање на Факултет за ликовни уметности во Скопје. Петар Мазев е еден од најзначајните автори на македонската современа ликовна уметност. Имал бројни самостојни преставувања како во Македонија, така и во странство: Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, САД и др. Исто така земал учество и на бројни групни изложби како во нашите простори така и надвор од нашата држава како: САД, Кина, Индија, Германија, Италија, Швајцарија и др. Добитник е на бројни награди и признанија: 11 Октомври на Република Македонија во 1961 г., 1979 г добива 1-ва награда на Југословенскиот конкурс за ликовно обликување на ентериерот на Спомен-костурница на загинатите борци од НОБ во Велес и велешко и истиот го изведува во мозаик, 1981 г. добитник е на наградта „Моша Пијаде“ на Ликовниот салон во Цетиње и др.

************************************************************

Даут пашин амам
Четврток, 2 ноември 2017 година
20:00 часот

Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...

Промоцијата на монографија на Евгенија Демниевска

Почитувани, Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во Чифте амам, насловена „Метаморфози на линијата“.

naslovna4mala

Промоцијата ќе се реализира на 27 октомври, петок, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија – Чифте амам. На овој настан, покрај промоција на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои ќе говорат за нивното искуство од работата со авторката, ќе имаме и ретка можност да слушнеме презентација на авторката за „Интерактивната пракса“ во нејзиното творештво.

Учеството и интерактивноста на публиката за Демниевска од секогаш биле центар на интерес, најнапред преку рекомпонирањето на нејзините геометриски организирани слики, од страна на публиката, осмислени како сложувалки, во нејзините дела од 80те, а потоа во 90те започнува уште поинтензивно да се интересира за тоа како може публиката директно да учествува во креирањето на едно уметничко дело. Се интересира и за новите можности најнапред на телефонот и телефаксот, а потоа и на интернетот, со чија помош без ограничувања во просторот и во времето разни интелектуалци и креативци од целиот свет, на покана на авторката, може да колаборираат во мрежното создавање на уметничкото дело.

Ве очекуваме.

no comments

Read more...

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани,

Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје.

Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.

no comments

Read more...

“Фрагилност” – Изложба на графика на Шќипе Мехмети

Ве информираме дека во рамки на својата годишна програма Националната галерија на Македонија ја презентира изложбата на младата графичарка Шќипе Мехмети, која ќе се одрќи на 24.10.2017 година, вторник, во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20.00 часот.

shkipe mehmeti poster

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и вклучува графики во разновидни графички техники од сува игла, комбинирана техника итн.

Куратор на проектот е Ана Франговска и истиот ќе биде поставен во Мала станица до 2 ноември 2017 година.

 

no comments

Read more...

Изложба на Евгенија Демниевска во Чифте Амам

покана демниевска1

Ретроспективна изложба на македонската уметница Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“ ќе се отвори на 5 октомври во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам. Изложбата ќе трае до 29 октомври.

Демниевска рече дека ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега.

- На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата од почеток досега. Уметноста зборува за светот, каде се појавува идентитетот на светот. Тука има различни дела. Има еден дел каде се занимавам со слики во кои го прикажувам просторот, каде се наоѓа тоа што го гледаме, во кој простор, каде се појавува идентитетот на нештата, рече Демниевска.

Посочи дека изложбата е насловена „Метаморфози на линијата“, но, како што појасни, не се мисли само на линијата која е насликана, се мисли и на телефакс проекти, интернет проекти кои ги реализирала со многу учесници, уметници и публика која учествува во тие проекти на настани во исто време по повеќе градови.

- Тоа е друг вид творештво. Постојано правам многу експерименти со материјали. Сликав и на свила, пластика…Ќе има мало изненадување за посетителите на изложбата кое се вика „Мултиверзум на Евгенија и пријателите“, додаде Демниевска.

Ана Франговска, куратор на проектот „Метаморфози на линијата“, рече дека Демниевска создава слики, цртежи, графики, инсталации, видео арт, звучни инсталации итн.

- Ретко имаме можност да ја видиме Евгенија Демниевска во Македонија, иако нејзиното потекло е од тука и врши голем импакт врз нејзиниот ликовен израз. Мојата покана за да се направи една нејзина мини ретроспектива ја прифати, додаде Франговска.

Евгенија Демниевска е родена во 1946 година. Има дипломирано на Академијата во Белград каде ја завршува магистерската. Оттаму оди на постдипломски студии во Јапонија, каде живее четири пет години. Се стекнува со диплома магистер по уметност и се запознава со источната филозофија, со сите предизвици на јинг и јанг, на каратето како боречка вештина.

Таа веќе 30 години живее во Франција.

no comments

Read more...

Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица

Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот.

pantev

Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Белгија,Холандија, Италија, Полска,Литванија, Англија, Египет, ОАЕ , Канада ,Јапонија, Кина ,Русија ,САД и др.

Евгениј Пантев реализира дела што го ослободуваат неговиот поетски потенцијал создавајќи притоа една геометриска макроскопска визија. Разните форми на хартијата прават алузија на леден таен ритуал. Творештво што не бара препознавање, а во исто време раскажува, но и сугерира. Делата на Пантев се со бистар, јасен говор и прецизен потег. Станува збор за афинитет кон одредени облици во просторот кои прават хармонична усогласеност. Авторот со строги канони и ставови, верен на традиционалните графички техники, особено сува игла, е во постојано испитување и истражување во обликувањето на просторот и материјалот, при што настануваат дела со разновидност и разномерност. Оттука и овие облик-знак, знак-симбол или симбол-облик, поставени во имагинарни и симболични простори во неговата душа, на неговата духовна иконографија. Чувството е големо штом делата на вредната рака, смелоста и мечтата ги опфатиш со поглед.“

no comments

Read more...

„Урбани документи: пејзаж – слика – предел“ во Мала станица

Urbani dokumenti pokana

Годинава, повеќе од триесет европски земји ќе се приклучат на одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ во знакот на заедничката тема „Природата и културното наследство“.

Во рамките на оваа општа тема планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.Настаните по повод манифестацијата ќе се одвиваат во периодот од 15 до 22 септември.

Националната галерија на Македонија ќе реализира настан во рамките на оваа европска иницијатива и ќе земе учество на манифестацијата со тематска изложба „Урбани документи: пејсаж-град-предел“, во просторот на Мала станица, отворање на 20-ти септември (среда), од 12часот. На отворањето ќе се обрати директорот на НГМ, д-р Дита Старова Ќерими.

Селектираниот избор на дела на тема урбан предел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија е сочинет од слики на познати и афирмирани  автори, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Предраг Милосављевиќ Пеџа, Милан Коњовиќ, Мича Поповиќ и други. Голем дел од истите ќе бидат презентирани за прв пат пред јавноста на оваа изложба. Сите тие имаат посебен карактеристичен урбан лик, интересни за ликовната публика како од аспект на ликовни дела така и од аспект на историски и документарен карактер како сведоци на едно минато време. Некои дела се со веќе препознатливи мотиви, на пример некој детал од Скопје, но и дела инспирирани од Тетово, Кратово, Париз, Венеција, Загреб, Белград, Задар итн

​​Изложбата вклучува и едукативни елементи преку едукативни работилници кои би овозможиле не само запознавање со овој дел од ликовното творештво, туку воедно би стимулирале и интерес кај ликовната публика, посебно кај помладата.   ​

Проектот е планиран според приоритетите кои стимулираат организација и презентација на истражувачки проекти и изложби кои прават пресек на одредени појави и тенденции и имаат историски, проблемски, тематски, стилски или тековни толкувања на модерната и на современата светска и македонска ликовна уметност, архитектура и дизајн. Ќе бидат презентирани околу  60тина ликовни дела, од македонската и меѓународната збирка.

 Одбележувањето на “Европските денови на културното наследство“ започна во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и поддршка на Европската унија. На почетокот, активности поврзани со оваа манифестација биле реализирани само во неколку земји, но веќе една деценија на истата земаат учество сите европски држави. Република Македонија се приклучи кон ова одбележување во 1996 година. Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство.
Како продолжение на оставрување на поставените цели, Националната галерија на Македонија, институција од национален интерес која долги години во континуитет го подржува образовниот процес, упатува покана до сите училишта  и ученици и за истите најавува дека во текот на манифестацијата од 20-ти до 22-ри септември ќе овозможи бесплатен влез.

И уште едно потсетување за веќе поставените изложби во објектот Чифте амам кои може да се посетат во рамките на “Европските денови на културното наследство“. Тоа се: „Од традицијата“, изложба на Решат Амети и изложба на уметнички фотографии на Мимоза Велиу.

no comments

Read more...

Јавна дебата на НГМ со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“

На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“.

debata mala s 4

Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија.

На оваа јавна дебата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, Маја Чанкуловска – Михајловска и Ана Франговска, кустоси во Националната галерија на Македонија, м-р Виолета Бакалчев (која беше модератор на сесијата), м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, д-р Огнен Марина, д-р Мартин Гулевски, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ. По завршувањето на нивните излагања кои се занимаваа со разновидни проблематики и тоа: причините за реконструкција на Мала станица; реалните потреби и оправданост Мала станица да биде дел од Националната галерија на Македонија и во иднина; можностите овој објект да се реконструира или пак потребата од градење на нов објект наменет ексклузивно за потребите на Националната галерија на Македонија; реалните потреби за просторно-галериски и инфраструктурни измени заради извршување на основната намена на оваа институција; музејските потреби за прилагодување на објектот делумно во депо за чување на музејските експонати итн. На дебатата присуствуваше и министерот за култура, г-дин Роберт Алаѓозовски, кој ги слушна потребите и причините за превземање на овој голем зафат – реконструкција на објектот „Мала станица“, со цел тој да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

debata mala s 2

По оваа јавна дебати се воочи потребата од одржување на почести јавни расправи на кои ќе се дискутираат вакви или слични проблеми кои ги окупираат културните работници и пошироката јавност.

Следен чекор на оваа јавна дебата е јасно поставување на задачите и целите на Националната галерија на Македонија во однос на реконструкција на објектот Мала станица и отворање на конкурс за изработка на предлог-проект за реконструкција.

no comments

Read more...

Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам

20196795_1637067896325560_1333873366_n (1)

Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник),  во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија.

Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната галерија на Косово.

21244650_1680792805286402_1164724996_nМимоза со својот апарат прави уникатни фотографии, кои по својот стил бараат време убаво да се погледнат. Таа ја зачувала посебноста на нејзината уметност во создавањето на тој вид на експресионизам, кој со или без интенција те носи кон името на авторката.“ – Елса Демо

„Спорот на личниот идентитет можно е да се спореди со тој на Икар, или пак на Исус, но Мимоза го доловува на најнеопределениот момент, најдуалниот, најхипотетичен, најотворен, тргнувајќи од родната сензибилизација на жената, која во многумина од овие фотографии јаoтелотворува тензијата нараспнувањето на една димензија која засекогаш останува мистична“ – Шклзен Малиќи

20067682_1631791930186490_1973232397_n (1)

„Таа ѝ пркоси на технологијата. Постојат многу уметници, чии фотографии им ги прави апаратот, но фотографиите на Мимоза се од душата.“ – Шпенд Бенгу

Кураторот на изложбата Горанчо Ѓоргиевски информира дека истата ќе може да се погледне до 29 септември 2017 година.

no comments

Read more...

„Од традицијата“ изложба на Решат Амети

Reshat Ameti pokanaИзложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими.

Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски.

Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ од ДЛУМ – 2009 година, „11 Октомври“ за животно дело од областа на уметноста и културата во 2013 година. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор од неа.

На изложбата ќе бидат претставени дела од циклусот насловен „Од традицијата“.

Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника и масло на платно. Нема сомнение дека Решат Амети е сликар на тајната на своите платна, тој ја открива со моќта на целокупното свое битие  барајки од гледачот на своите слики интуитивна моќ на внатрешната рефлексија и перцепција, Маја Крстевска

Одговорен кустос е Маја Крстевска. Изложбата е дел од манифестацијата по повод отворањето на плоштадот Скендербег и ќе трае до 16 септември 2017 год.

no comments

Read more...