Промоција на монографија „Вељо Ташовски, живот и творештво“

На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“.

photo (3)

Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на текст во публикацијата и Проф. Костадин Танчев – Динка.

Во рамките на редовната годишна програма за 2016 година Националната галерија на Македонија го реалзираше проектот монографско издание „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Имено станува збор за издание кое доаѓа како дел од еден посеопфатен прокет кој во континуитет се одвива од 2014 год. преку организација на ретроспективна изложба за Вељо Ташовски во објектот Даут пашин амам во декември 2014 година.

Во текот на 2015 година поттикнати од интересот и значењето на творештвото на овој наш еминентен ликовен автор кој одигра значајна улога во развојот на македонската современа ликовна уметност направивме избор од ретроспективната поставка со цел нејзино селективно прикажување и во останатите градови од земјата. Имено, истата беше замислена како патувачка со цел да се анимира културната и ликовната јавност во внатрешноста на Р.Македонија и уште еднаш да потсетиме на исклучителниот опус на Вељо Ташовски. Во текот на април/мај 2016 година изложбата бече претсавена и во Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија.

Како своевидно заокружување на ова сеопфатно претставување на творештвото на Вељо Ташовски, со оглед на неговото значење во рамките на развојот на македонската современа ликовна уметност, логично следеше и објавувањето на монографија со наслов „Вељо ашовски, живот и творештво“ од авторот Проф. Д-р Владимир Величковски, а во издание на Национaлната галерија на Македонија. Станува збор за прво вакво издание посветено на Вељо Ташовски.

Монографијата на Вељо Ташовски дава пресек и своевидно толкување, анализа на целокупното творештво на авторот, со посебен акцент на одредени фази во неговото творештво, нагласувајќи ја неговата значајна улога во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид,отворајќи пат кон индивидуалната ликовност.

Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството – двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична “ликовна претстава на двата плана”. Композицијата што го следи принципот на апстрактното сликарство, флуидот на сликарската материја, отсуството на третата димензија…, свилата, бришењето на ефектот на прозорецот, атмосферата на тишина и спокојство – сите тие настојуваат да ги опросторат “сликаните” претстави на Ташовски до ниво на посакуваниот ефект на бескрајноста, до создавањето на слика-простор.

Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој, Р. Македонија. 1975 г. завршил Академија за ликовни уметности – сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979г. Од 1976 до 1985г. бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 г. е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а земал учество и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

no comments

Read more...

Европска ноќ на музеите 2017

Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители.

Иван Мештровиќ, од мапата литографии (1), 1923 год

Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а е поддржана и од асоцијацијата Музеите во Франција, Федерацијата „Пријатели на музеите“, TV5MONDE, Radio France и други.

Националната галерија на Македонија во рамките на европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ ќе се претстави со изложбата „ИВАН МЕШТРОВИЌ, графики од Депоата на НГМ“, која ќе биде претставена во објектот Чифте амам од 18 – 31 мај 2017 година.

Изложбата ќе и понуди на македонската публика ретка можност да проследи оригинални литографии (21) од светскиот скулптор Иван Мештровиќ (1883 – 1962), овојпат претставен како цртач и графичар. Делата се составен дел од мапата литографии од 1923 и се сопственост на Националната галаерија на Македонија (од т.н. екс-југословенска збирка). Мапата ќе биде проследена и со презентација на 2 скулптури од уметникот, исто така сопственост на Националната галерија.

Изложбата има за цел да го претстави пред македонската публика цртачкото и графичкото мајсторство на скулпторот Иван Мештровиќ. Тоа е единствена прилика македонската јавност да ги види овие дела кои што за прв пат се изложуваат, а се дел од т.н. екс-југословенска збирка на некогашната Уметничка галерија „Скопје“, систематски собирана во втората половина на четириесеттите години на минатиот век. Ценејќи го реномето на Мештровиќ како светски признат уметник, сметаме дека изложбата ќе предизвика несекојдневен интерес.

Информации за нашето учество на европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ може да погледнете на следниот линк:

http://openagenda.com/ndm-2017-europe/events/ivan-mestrovic-prints-from-the-collection-of-the-national-gallery-of-macedoni

no comments

Read more...

Теута Хоџа Имери во Gallery MC New York

Во текот на месец април 2017 г. ќе се реализира проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка подржана од Министерството за култура на Р.М., во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД (Gallery MC New York) ке биде отворена изложба на графики на уметницата Теута Хоџа Имери.

Teuta Cover

„Апстрактно конципираниот графички израз на Теута претставува авторефлексивна, автореферентна слика на жена-мајка, жена-сопруга и жена-творец. Во оваа тријада, таа се обидува да го актуелизира и прашањето за сопствениот идентитет во длабоко втемелената општествена хиерархија…

Уметноста на Теута Хоџа Имери без сомнение претставува лирска експресија на интимно доживеаното искуство. Секоја графика поединечно претставува тивка софистирана визуелна ламентација, која низ нејзините хронолошки емотивни состојби се прелева и прогресира од една графика во друга. Автобиографското писмо на Теута претставува визуелно преведување на нејзиниот личен став низ различните животни мени…“

no comments

Read more...

Годишна изложба на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложба на дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште “Јосип Броз Тито”.

lzlozba jbt 20 mala stanlca

Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува по дваесетти пат, и петти во истиот професионален простор.

Со ова се продолжува заложбата на Национална галерија на Македонија да им се дава можност на младите да напредуваат и покажат својот креативен потенцијал.

Ова е 20-тата изложба на учениците од Меѓународна Матура (IB) при гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 15-ти март.

no comments

Read more...

Работилница “Моето име, мојата боја” во Мала станица

Еднодневна ликовна работилница Моето име, мојата боја во Мала станица.

omer-kaleshi-bwНа ден 28 ноември 2016 година, во новоотворениот детски едукативен центар на Национална галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде реализирана еднодневна ликовна работилница МОЕТО ИМЕ, МОЈАТА БОЈА на која ќе учествуваат ученици од основното училиште Даме Груев, под раководство на ликовниот едукатор Александар Таневски.

Активноста е поврзана со Денот на знамето на Република Албанија, а го чествуваат и припадниците на албанската етничка заедница во државава.

omer kaleshi 12345

no comments

Read more...

Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ во Цетиње

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 5 август 2016 (петок) во 20 часот во Народниот музеј на Црна Гора – Црногорска галерија на уметности `Миодраг Дадо Ѓуриќ` во Цетиње, Црна Гора, ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници.

Collective Zero

Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб, а во декември 2015 година во Национална галерија на Македонија – Мала станица и имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот.

„Есенција на егзистенцијата“ е уметнички концепт кој се обраќа кон разни сфери од секојдневието, од животот, постоењето, перцепции кои од различен аспект приоѓаат кон суштината на ентитетот, на опстојувањето, на функционирањето. Тука се опфатени генезата на љубовта, духовноста, храната…, a под овој дискурс се пронаоѓаат и инстанците на достоинството, идеологијата, политиката, социјалата. Вообичаено, кога станува збор за тематика поврзана со егзистенцијата, неизбежен е Сартр и егзистенцијалистите кои говорат за апсурдноста на социо-општествените феномени, т.е. апсурдноста на есенцијата во егзистенцијата. Критичките ставови за секојдневното егзистирање во делата од изложбата „Есенција на егзистенцијата“ може да се исчитуваат и во контекст на рефлектирање на долгогодишната „неподнослива тешкотија на постоењето“, како парафраза на насловот на ултра познатиот роман од Милан Кундера, „Неподнослива леснотија на постоењето“, и нудат различни поими за борбата за (не)можно емотивно/емоционално егзистирање во рамки на репресивите општествени системи…

no comments

Read more...

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија.

ngm peru

Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со почесниот конзул на Р. Перу во Македонија Ненад Јанакиевиќ. Амбасадорот Дел Бусто и директорката Старова Ќерими остварија конструктивен разговор за соработка која започнува со оваа изложба на која ќе се презентира древната цивилизација на оваа далечна земја.

Соговорниците договорија Националната галерија на Македонија да реализира проект/изложба со која би ја промовирале нашата култура токму во Перу во текот на наредната година во институција од ист ранг како нашата.
Ретки се можностите да се отпатува на вака далечни дестинации, затоа Националната галерија на Македонија понуди ексклузивна можност за пошироката публика преку овие фотографии да долови дел од прекрасните природни убавини на Перу.

Директорката Старова Ќерими истакна дека вратите на Националната галерија се отворени за запознавање и реципроцитетна соработка со амбасадите на различни култури и е поттик во иднина да се реализираат ваков тип на промоции кои ќе зближуваат две култури преку уметност.

Изложбата ќе се отвори во 18:30 часот а ќе биде поставена до 30.06.2016.

no comments

Read more...

Разговори за уметноста  „Уметноста и религијата“

raspetie Zernovski Velimir

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот.

Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија.

Во таа насока, по повод изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ што неодамна беше отворена во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија во рамките на проектот „Разговори за уметноста“ организира средба со дел од уметниците застапени на изложбата, на тема „Уметноста и религијата“.

Изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ е само повод да се поведе разговор не само за изложбата и темата „Уметноста и религијата“, туку и пошироко да се елаборираат аспектите на врските на религијата и уметноста денес, можните компаративни согледувања во однос на третманот на овој вид творештво во минатото и современоста, состојбите кај нас и во светот, можните релации на слободата на уметничкото изразување итн.

На разговорот, покрај дел од уметниците застапени на изложбата, поканети се и историчари на уметноста, критичари, студенти на ФЛУ и Теолошкиот факултет и други.

Разговорот ќе се одржи во објектот Чифте амам, на 26 мај (четврток), во 12 часот.

no comments

Read more...

Програма на НГМ за 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

18 Maj

Национална галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 Мај – Меѓународен ден на музеите.

Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина.

Во продолжение е распоредот на настаните за 18 Мај (среда)

  • Даут-пашин амам

13 часот, изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“ која традиционално се случува по трет пат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

19 часот, Годишен концерт на ДАМБУЦ Илија Николовски Луј.

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век

 

  • Чифте амам

Отворен за посета на изложбата под наслов “Reccuring landscapes” на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул, куратори Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

 

  • Мала станица

20 часот, БИСТА биенале на студенти по архитектура.

 

Националната галерија на Македонија Ве информира дека објектите ќе работат со продолжено работно време, влезот е бесплатен и Ви посакува пријатен престој.

 

 

no comments

Read more...

Меморандум за соработка меѓу Националните галерии на Македонија и Албанија

ngm nga dogovor  1

 На ден 11.05.2016 година (среда) НУ Национална галерија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија.

Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, г-дин Артан Шабани (Национална галерија на Албанија) и   д-р Дита Старова Ќерими (НУ Национална галерија на Македонија), а на свеченото потпишување присуствуваа и заменик министерот  за култура на Р. Албанија г- дин Зеф Чуни, и државниот секретар на Министерството за култура на Р. Македонија, г-дин Бехиџудин Шехаби.

При посетата на Албанија директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и државниот секретар г-дин Бехиџудин Шехаби остварија средба со  министерот  за култура на Р. Албанија г-ѓа Мирела Кумбаро Фурџи .На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу Р. Албанија и Р. Македонија, со особен акцент на културата и соработката помеѓу двете институции која ќе отпочне со воспоставување на реципрочна културна соработка помеѓу двете земји, базирана врз размена на идеи, искуства, знаења, програми итн.

ngm nga dogovor  (1)

Целта на соработката помеѓу двете страни е ставањето во функција на просторните и интелектуалните (човечки) ресурси на двете институции за реализација на проекти, истражувања, уметнички престои, семинари, предавања и слично. Беше истакнато дека покрај продлабочувањето на билатералната и регионална соработка, интензивно и заеднички ќе се соработува и на заедничката меѓународна афирмација во значајни метрополи и културни институции од висок ранг во Европа и Америка.

На средбата биле договорени размена на изложби, размена на искуства во менаџмент со културни институции, соработка во сферата на уметничката и кураторска едукација, престои на уметници и на куратори, усовршувања или истражувачки проекти, консултации во сферата на уметноста, едукацијата и соработка на други полиња на интерес. Наскоро ќе бидат соопштени и конкретни проекти со кои се планира да се отпочне реципрочната соработка.

ngm nga dogovor  (2)

no comments

Read more...