“Кога традицијата е (женски) императив: разговори за минатото, денес” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 17 септември 2015 година (четврток) во 20 часот ќе се отвори изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева со наслов.

kostojcinoska-uzunova

Марјана Костојчиноска Узунчева надоврзувајќи се на претходните искуства и истражувања во обликувањето на ликовното делото и потрагата по сопствено визуелно изразување, твори дела кои се логично продолжение на размислувањата за дефинирање на уметничкиот продукт.

Творештвото на Костојчиноска Узунчева е интимна исповед за едно минато време, сеќавање и спомени, навраќање на традицијата, еден вид визуелна патина на меморијата.

Инспирацијата од народното творештво, од културите што доаѓале од истокот и западот на оваа територија од Балканот, формирале препознатливи облици на народно творештво од кои се издвојуваат килимите кои се базичен елемент во нејзините дела. Тргнувајќи од ова таа ја транспонира содржината во својата инспирација од чисто визуелно доживување во симболично посложени духовни простори создадени со посебната сила на имагинацијата и интуицијата на автентичен уметник.

Импулсивниот имагинарен ритам на експресионистичката апстракција, со широки динамични потези кои се симбол на екстатичната енергија на животот, е доведен до кристализиран речиси трансцендентен спокој и метафизичка атмосфера.
Поаѓајќи од временската просторност како сестрана можност за воспоставување на односите на елементите таа конструира дело чие значење се манифестира преку три својства: предметност, пикуралност и семантичност.

Преку предметноста таа своето дело го реализира како традиционална творба при што остварува распоред и организација во композицијата со чисто ликовни елементи во сопствена рамнотежа и систематско распоредување на вториот елемент пиктуралноста и создава единство на предметноста и пикуралноста каде што е воспоставен редот и хармоничноста.

Третиот елемент – семантиката во делата на Костојчиноска Узунчева е во внатрешниот онтолошки, а не надворешен физички простор кој го набљудуваме низ призмата на менталните глетки на меморијата како еден вид ликовна Прустова “потрага по загубеното време”…

______________________________________________________________________

Поставка…

no comments

Read more...

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“.

sotirovska bogdanovska postavka 22 Panorama

Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство на истиот Факултет.

Добитник е на втората награда на Студентското Интернационално Арт Биенале, Музеј на град Скопје (2005). Член е на ДЛУМ од 2006 година. Во 2009 година во соработка со повеќе ликовни уметници ја оформуваат уметничката група АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., која истовремено станува уметнички културно – алтернативен центар во Скопје сè до 2011 година. Во 2012 година станува дел од женската уметничка група МОМИ, кои сè уште делуваат со нови креативни проекти на македонската ликовна сцена. Изложбата под наслов „Условен круг“ е нејзина шеста самостојна изложба, а учествувала на бројни значајни групни претставувања во Македонија и во странство. Исто така, во рамките на уметничките групи АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. И МОМИ има реализирано повеќе презентации во и вон земјава.

Од текстот за изложбата (Маја Чанкуловска-Михајловска):

Изложбата Условен круг на Марија Сотировска-Богдановска формално се состои од четири одвоени целини низ кои е претставена интимна приказна што допира до привидот и до содржината на различните социјални, општествени и родови системи на вредности…. Цикличното повторување на нашето постоење, категориите време и простор, перцептивното и визуелното се повторно присутни и во најновиот проект Условен круг, со вметнување нов елемент – везот, кој со својата директна релација со народниот вез и со женскиот принцип во традицијата ја почнува и ја завршува целата родова приказна на кружна условеност. …

Кај Сотировска доминираат нетрадиционална везбена орнаментика и геометриски мотиви во повеќе бои и нијанси; авторката осовременувајќи ја оваа вештина, го видоизменува и благо го иронизира овој значаен облековен елемент во одредувањето на општествениот, економскиот и родов статус на носителот. …

Како и досега, комплексноста на оваа навидум едноставна приказна се исчитува не само во третманот на сите набројани елементи, туку и во нивната функционална поставеност – овие интимни ситуации, изложени пред очите на јавноста, добиваат својство на исповед, но и на непрестајно преиспитување и критика на родово-социјалните-општествени позиции.

И повторно, делото конечно цели кон ослободување од конзервативните традиционални општествени влијанија и сугерира отфрлање на стегите, стереотипите и лажните морални обележја на културната историја и културниот идентитет, кои условно се наследени од општествената поддреденост…

no comments

Read more...

Изложбата “(По)трагите на водата”- Акварелот од колекцијата во Крива Паланка

Во Градскиот музеј- Крива Паланка, на 29-ти август, 2015 година, се отвори изложбата “(По)трагите на водата”- Акварелот од колекцијата на Национална галерија на Македонија.

akvarel ngm palanka 6

Директорот на Локалната установа “Градски музеј-Крива Паланка“, Драган Величковски истакна дека изложбата претставува заокружување на празнувањата во Крива Паланка по повод светецот-закрилник на градот, Св. Јоаким Осоговски, и придонес на музејот кон севкупната културна понуда во градот.

- На наша радост вечерва ја отвораме изложбата со националната збирка акварели којашто е дел од постојаната поставка на Националната галерија на Македонија и истата ќе биде достапна за љубителите на уметноста од нашата општина во следните дваесетина дена. Со оваа изложба ја збогатуваме културната понуда на градот во празничните денови, изјави Величковски.

За изложените дела говореше Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија, која рече дека изложбата “(По)трагите на водата” е избор од акварелите кои се дел од колекцијата на Национална галерија на Македонија.

- Нашата институција е една од првите и најстари носечки институции од областа на културното живеење во нашата земја. Таа низ своето долгогодишно постоење, покрај несомнено богатата изложбена активност, истовремено како приоритетна обврска систематски го собира, го згрижува, соодветно го чува и презентира ликoвното творештво како дел од нашето севкупно движно културно наследство. Оттука Националната галерија на Македонија, преку континуирана презентација на својата богата и вредна колекција, истовремено настојува да направи соодветна афирмирација и промоција и на македонската современа ликовна уметност. Во овие рамки се појави и идејата за организирање на една ваква изложба која пошироката јавност и ликовната публика ќе ги запознае со содржините на нашата колекција, односно со развојот и вредноста на македонската современа ликовна уметност, изјави Георгиевска.

Таа потенцира дека изложбата е можност да се видат делата на повеќе еминентни автори од областа на една ликовна дисциплина, акварелот, но и претставници од ликовната сцена од неколку соседни држави.

- Селектирани се дела од наши еминентни автори претставници на најстарата генерација од македонската современа ликовна уметност, како и од соседните држави, меѓу кои: Димитар Пандилов, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ- Цицо, Умер Ејуп, Петар Лубарда, Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Предраг Милосављевиќ и други академски сликари, информира Георгиевска.

Изложбата веќе беше поставена во Националната галерија на Македонија, Народниот музеј Велес и во Музеј и завод Битола. Делата ќе бидат изложени во Кривопаланечката Градска уметничка галерија до 16 септември, по што ќе бидат презентирани во Штип, Куманово и Кавадарци.

no comments

Read more...

Изложба со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Уметничката галерија „Магаза“ во Битола на 23 јули 2015 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.magaza panorama

Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.

Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети. Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија – Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа, Никола Славин. Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите – Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) – Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника – Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

На изложбата ќе бидат презентирани 30тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.
Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

no comments

Read more...

Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ на 25 македонски современи уметници во Загреб

Во галеријата Лауба во Загреб, на 30 јуни 2015 (вторник) во 19 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија.

the essence

„Есенција на егзистенцијата“ е уметнички концепт кој се обраќа кон разни сфери од секојдневието, од животот, постоењето, перцепции кои од различен аспект приоѓаат кон суштината на ентитетот, на опстојувањето, на функционирањето. Тука се опфатени генезата на љубовта, духовноста, храната…, a под овој дискурс се пронаоѓаат и инстанците на достоинството, идеологијата, политиката, социјалата. Вообичаено, кога станува збор за тематика поврзана со егзистенцијата, неизбежен е Сартр и егзистенцијалистите кои говорат за апсурдноста на социо-општествените феномени, т.е. апсурдноста на есенцијата во егзистенцијата. Критичките ставови за секојдневното егзистирање во делата од изложбата „Есенција на егзистенцијата“ може да се исчитуваат и во контекст на рефлектирање на долгогодишната „неподнослива тешкотија на постоењето“, како парафраза на насловот на ултра познатиот роман од Милан Кундера, „Неподнослива леснотија на постоењето“, и нудат различни поими за борбата за (не)можно емотивно/емоционално егзистирање во рамки на репресивите општествени системи.

Секако, тука е и хуманистичката психологија на Абрахам Маслов и неговата често експлоатирана теорија за „Хиерархија на потребите“. Во основа на неговата „пирамида на потребите“ е биолошкото задоволувањето на инстиктивните еволутивни физиолошки човекови нагони, а постепеното „освојување“ на различните нивоа кон врвот на пирамидата станува се покомплексно и ретко достижно. Eдноставната интерпретација на оваа теорија, распоредот на поставеноста и меѓурелациите на различните нивоа на потреби, при што преминот кон секое наредно скалило е условено од задоволување на секое претходно, станува усложнета од основната социјална (не)сигурност како предуслов за обезбедување на базичните животни потреби.

Овој концепт со општ призвук ќе ги опфати аспектите на триесетина македонски современи уметници кои на диверзни начини реагираат на егзистенцијалните принципи користејќи различни медиуми за визуелна експресија – од класични: сликарство, графика, скулптура, преку инсталации, објекти, фотографија, па се до видео проекции, дигитални принтови, перформанси, звучни инсталации… Селектираните уметници Исмет Рамичевиќ, Методи Ангелов, Атанас Ботев, Вана Урошевиќ, Ирена Паскали, Александар Станковски, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Марија Сотировска, Дијана Богдановска, Игор Сековски, Славица Јанешлиева, ОПА, Михаела Јовановска, колектив Зеро, Димче Димески, Игор Тошевски, Гоце Наневски, Дарко Алексовски, Крунислав Стојановски, Зени Балажи, Мирна Арсовска, Зорица Зафировска, Александар Спасоски, Жанета Вангели во својот творечки вокабулар користат елементи кои соодветствуваат со главниот дискурс на концептот, секој од нив допирајќи ги точките на есенцијалностите на егзистенцијата на различни начини и од различни перспективи. Со овој тематски пресек, се надеваме и веруваме дека ќе дадеме еден можен аспект кон разгледување на македонската современа уметност.

Куратори на изложбата се Ана Франговска, Маја Чанкуловска Михајловска и Горанчо Ѓорѓиевски.

Истата изложба ќе биде отворена во декември 2015 во Националната галерија на Македонија.

no comments

Read more...

Изложба на Вељо Ташовски во Штип во организација на НГМ

Во Завод-Музеј Штип, галерија Безистен, на 19 јуни 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Вељо Ташовски. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонијa.

veljo tashovski 2

Изложба на Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид, отворајќи пат кон индивидуалната ликовност. Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството – двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична “ликовна претстава на двата плана”.

Користејќи ја иконографијата на мрежата тој ја дефинира “просторноста” на сликата. Таа, мрежата го ограничува просторот, но во ист момент овозможува и поглед низ, поглед и од оваа и од онаа страна, слободна циркулација, како метафора на бескрајната комуникација на просторите.
Композицијата што го следи принципот на апстрактното сликарство, флуидот на сликарската материја, отсуството на третата димензија…, свилата, бришењето на ефектот на прозорецот, атмосферата на тишина и спокојство – сите тие настојуваат да ги опросторат “сликаните” претстави на Ташовски до ниво на посакуваниот ефект на бескрајноста, до создавањето на слика-простор.

Оваа ретроспективна изложба претставува заокружување, и своевиден пресек на творештвото на овој рано починат автор, кој што има свое значајно место и улога во афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

veljo tashovski 1

Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој (Дебарско). 1975 г. завршил Академија за ликовни уметности – сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979г. Од 1976 до 1985г. бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 г. е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје.

Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а земал учество и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

no comments

Read more...

(По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ во Ликовниот салон во Велес

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес, на 12 јуни 2015 година (петок) во 19 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Jakup Hajro Motiv od BitolaВо текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место.

Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички сензибилитети.

Vangel Kodzoman Staro i novo Skopje

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија – Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа, Никола Славин.

Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите – Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) – Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника – Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

Pandilov vrshidba

На изложбата ќе бидат презентирани над 30тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста.

Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

Изложбата ќе ја отвори Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

no comments

Read more...

Јубилејна изложба – 55 Години творештво на Борис Николоски

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 10 јуни 2015 година (среда) во 20 часот, ќе се отвори јубилејна изложба 55 Години творештво на Борис Николоски.

Pokana NikoloskiКариерата на скулпторот Николоски започна во 1959 кога тој почна да ги користи методите предложени од неговиот професор Франтишек Смерду (на Словенската Академија за ликовна уметност). Заробени во наставните програми, неговите скулптури (најчесто портрети во мермер, камен, понекогаш во метал) имаа интимни и камерни атрибути.

Бранот на модернизмот, или поконкретно навлегувањето на апстрактната мисла, бргу и „масивно“ влијаеше на македонската скулптура. Борис Николоски преминот кон апстрактната пластичност го направи со стилизација во моделирањето на формите. Одеците на фигуративната уметност беа постојано присутни. Тој никогаш не се обиде да ја расчисти врската помеѓу фигуративното и апстрактното, но многу бргу се врати на фигуративното и остана доследен до ден денес.

Морфолошката и естетската поларизација на фигуративната скулптура беше неговата главна идеја и мотив да создава форми, додека пак апстрактното и асоцијативното беа неизбежни. Јасно дефинираните форми постојано потсетуваа на нешто реално во нивната есенцијаност, додека истовремено тие водат до нешто друго имагинарно, бидејќи делата се изградени од елементи и фрагменти кои го прошируваат разбирањето, на пример, како симболи со двосмислено значење. Сепак, конечниот резултат се наоѓа во таканаречената антифигуративност бидејќи структурата на неговата форма се менува во застарена содржина, можеби дури и во „апсолутна“ форма за која вообичаено се користат детерминантите на апстрактност. Архаичниот аспект со митолошки знаци се смета како потребно наведување, или попрецизно како мотив.

Во исто време, Николоски создаде стилизирани човечки фигури (глави и цели фигури). Тој, исто така, обично намерно ги остава површините на скулптурите недовршени. Необработената површина има двојна улога: да се истакне експресивноста на материјалот и да се обиде да се издвои формата од конкретната тема. Очигледно е дека Николоски се враќа на ситуацијата каде човечката порака е битна. Тој се наврати на старите форми кои содржат патетични гестикулации или идеализиран портрет. Исчезна неговиот некомпромисен став за прифаќање на формулите за антитрадиционалното во модерната скулптура, а исто така и неговата загриженост за пулсот на времето и грижата за еластичните квалитети кои ја издигнаа на пиедесталот неговата уметност.

Со оваа изложба авторот ќе го прослави својот јубилеј 80 години живот и 55 години творештво и ќе изложи дела од последните десетина години – графити, цртежи, графити на платно, теракота, креда на платно фиксирано и лакирано…

________________________________

Поставка на изложбата…

 

no comments

Read more...

Минијатура – VIII Младински пролетен салон во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 5 јуни 2015 година, во 19 часот, ќе се отвори VIII Младински пролетен салон на тема Минијатура.

minijatura mlad proleten salon

Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес (скицирање, цртање, поставување, реализација, анализа) и без разлика дали се работи за огромна површина на зид или платна, или сосема мало уметничко парче, потребно е да се вложат исклучителни напори и креативност во процесот. Проблемот на обработка е перспективата, мотивот, композицијата, симетријата, рамнотежата, единството кои се присутни и на мал простор.

За овој салон учениците имаа креатино изјаснување на мал формат кој што овозможува голем интерес и квантитет од страна на младите. На изложбата се застапени дела во различни медиуми (цртеж, слика, графика, скулптура, колаж, видео, фотографија, компјутерска графика и дела во комбинирана техника.

Изложбата ја организира дидактичко-едукативниот секор во Националната галерија на Македонија, а селектор на салонот е Ацо Таневски ликовен едукатор во НГМ.

minijatura proleten salon 2

Поставка од изложбата Минијатура.

no comments

Read more...

Изложба на Милан Коњовиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2015 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Милан Коњовиќ.

konjevic Mlini, 1935

Историјата на уметноста покажа дека Милан Коњовиќ е еден од оние уметници кои оставиле битно влијание на тековите на бившо југословенското сликарство на дваесетиот век. Својот творечки опус го започнува во текот на втората деценија на минатиот век, а го завршува на почетокот на деведесетите години, поточно 1993 година, кога починува во својот Сомбор.

Имено Коњовиќ во некои кардинални моменти во бившо југоссловенското сликарство се појавува со творештво кое антиципира, инаугурира и ги потврдува особеностите на доаѓачките трендови во уметноста. По прелудијските остварувања во манирот на импресионизмот и посимпресионизмот, својот сликарски концепт го продолжил со рационалистички пристап кон бојата и формата, доспевајќи меѓу првите во бившо југословенското сликарство до кубизмот, подоцна инсистирал на колоризмот и експресионизмот кој ќе стане одбележје на севкупното негово творештво.

Изложбата се реализира во соработка со Галерија Коњовиќ од Сомбор и Завод-Музеј Штип.

___________________________________

no comments

Read more...