Афердита Кики во КИЦ Софија

Афердита Кики

Културно информативен центар на Република Македонија во Софија

Отворање 5 септември, 2013, 18.30 часот

aferdita kiki-1

Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, да расчленува и да апстрахира. Оригинална во изразот и сензибилна во забележувањето, нè импресионира со креативната мисла и продлабочената емоционалност; бележења на непредвидливи физички и емоционални активности -  апсорбирани чувства и емоции.

aferdita kiki sredna

Низ историски и себесвојствен философски контекст го покажува сентимент и пиетет кон уметничкото минато. Делата ја вклучуваат временската димензија на гледање на уметничкото дело, со што и го соопштува својот став. Следиме метафори на духовни и морални состојби за значењето на традицијата и пред сè културниот идентитет. Афердита Кики создава уметност трагајќи по праисконското; понесена така, запловува во свет на трепетливоста на мисловната ангажираност за да предизвика ликовна возбуда и естетска радост.

aferdita kiki-111

Нејзините дела се самостојни и автентични исполнети со лирска разиграност и синтеза на современото со традиционалното.

 

no comments

Read more...

Станко Ѓоргиев во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

no comments

Read more...

„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (15)

Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (1)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (15)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (2)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (3)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (4)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (5)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (6)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (7)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (8)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (9)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (10)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (11)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (12)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (13)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (14)

Kopnez po realnoto - Cifte amam Panorama  (15)

no comments

Read more...

„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

izlozba avstrija kopnez po realnoto (8)

Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.

izlozba avstrija kopnez po realnoto (3)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (7)  izlozba avstrija kopnez po realnoto (2)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (1)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (5)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (6)

izlozba avstrija kopnez po realnoto (4)

no comments

Read more...

Изложба на Станко Ѓорѓиев во КИЦ Софија

Почитувани, Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, ќе се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев.

Stanko Gjorgjiev

Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи го во бројни варијанти она што го изнесе на својата прва изложба. Презентираните дела се резултат на долг работен процес, на неговиот творечки раст, а сето тоа одбележува творечка личност што секако ќе заземе високо место во македонската современа ликовна уметност.

Интимистичко по својот карактер, сликарството на Станко Ѓорѓиев содржи елементи на мистичното, рационалното и интуитивното. За него сликата е самостоен естетски предмет што овозможува да се изразат состојбите на сопственото битие, внатрешните немири и визии. Така, ја откриваме структурата на неговите размисли и чувства, а длабоко во сликата пулсира неговата сликарска мисла. Делата зрачат со продлабочено траење што нуди немир и возбуда од визуелните претстави, така што ни стилизирањето на податното не го поедноставува податокот, туку, напротив, искажан со ликовен јазик постигнува нови естетски доживувања.

За творешвото на Станко Ѓорѓиев ќе говори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

stanko gjorgiev sofija (3)

stanko gjorgiev sofija (2)

stanko gjorgiev sofija (1)

Со почит,

Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...

Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

NGM Cifte amam avstriska izlozba (3)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (2)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (4)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (5)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (6)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (7)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (8)

NGM Cifte amam avstriska izlozba (1)

no comments

Read more...

Прес конференцијата за изложбата „Копнеж по реалното“ презакажана за вторник

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 9 јули 2013 година (вторник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Прес конференцијата е презакажана за вторник бидејќи во понеделник во исто време беше закажана прес конференција за изложбата која ја организира Јован Балов.

Ве молиме потврдете го Вашето присуство.

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

Со почит,

Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...

Прес по повод изложбата „Копнеж по реалното“ во Чифте амам

Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 јули 2013 година (понеделник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.

NGM Einladung Skopje-DIGITAL front

Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.

NGM Einladung Skopje-digal back

no comments

Read more...

Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.

demir behluli plakat

behluli cifte ngm (1)

behluli cifte ngm (2)

behluli cifte ngm (3)

behluli cifte ngm (4)

behluli cifte ngm (5)

behluli cifte ngm (6)

behluli cifte ngm (7)

behluli cifte ngm (8)

behluli cifte ngm (9)

behluli cifte ngm (10)

behluli cifte ngm (11)

behluli cifte ngm (12)

no comments

Read more...

Демир Бељуљи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот ќе се отвори изложба на Демир Бељуљи.

demir behluli plakat

Ликовниот паноптикум во кој се изразува Белули опфаќа разнородни ликовни тематики и жанрови, а медиумите во кои ги овоплотува својата замисла и концепт се  разнородни техники од молив, темпера, акварел, туш, јаглен, маслена боја и слично, кои ги владее на достојно ниво. Во поглед на сижејните преокупации, треба да се нагласат неколку главни идеотеки што варираат интерно во стилскиот пристап кон нив. На пример, на прво место треба да се постави портретот, како една од мошне честите тематски одредници, кон кој пристапува на неколку начини. Реалистичниот начин на обработка на познати личности од албанската културна и општествена дејност го нагласува како автор што го знае класичниот третман на портретот, во кој фацијалната сличност и карактерната доловеност на портретираниот лик е предоминантна карактеристика. Освен овој реалистичен пристап, Демир Бељуљи знае и да експериментира и да пробува во други формати на портретна предаденост, мошне современо, концептуално, со помош на букви што наредени едни до други во даден систем обликуваат одреден лик.

demir behluli 44

demir behluli seklovic

Пејзажите се редовен спецификум во неговиот опус, од реалистични преку експресивни, импресионистички, надреалистични, па сѐ до апстрактно-асоцијативни, во духот на нервозна la linea, која певливо ја распорува белата монотонија на листот. Во пејзажите доминираат полиња, ливади, зимски пејзажи, планини, потоа специфичен му е циклусот „Планини, дрва и луѓе“, со надреален штимунг, во кој претенциозна нишка му е континуитетот и отпорноста на планините, дрвјата и луѓето без оглед на сите пречки и незгоди што се испречуваат на патот.

Вака опширниот уметнички ангажман на Демир Бељуљи со изложбата во Националната галерија на Македонија се детерминира како јубилеј од 75 години творештво и 58 години од првата самостојна изложба.

Изложбата ќе ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

demir behluli 17

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија

no comments

Read more...