Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]

Прес во Мала станица по повод настапот на Венециското биенале

По повод престојното 55то Венециско Биенале и подготовките за презентацијата на нашиот Национален павилјон, во четврток, 16 мај 2013 година, во 10.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржи прес конференција. 55то Венециско Биенале ќе се одржи од 1 јуни до 24 ноември 2013 година. Насловот на Македонскиот павилјон е  Silentio Pathologia, што е всушност проект на Елпида Хаџи Василева. Комесар е Халиде Палоши, куратор Ана Франговска. Инаугурацијата е закашана […]

„Скопје некогаш, сега и во иднина“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 април 2013 година (петок) во 13 часот ќе биде отворена изложба на тема „Скопје некогаш, сега и во иднина“. На изложбата ќе земат учество учениците на возраст од 5-то до 8-мо одделение од сите основни училишта од градот Скопје, кои по претходно објавениот конкурс создадоа дела на тема “Скопје некогаш, сега и во иднина“. Младите автори за оваа изложба работеа во различни техники (цртеж, колаж, […]

Славица Јанешлиева со „Впечатоци“ во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 26 декември 2012 година (среда) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“. СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА е родена 1973 година во Скопје. Во 1996 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Во 1998 магистрирала на истиот факултет. Од 2006 работи како доцент на Катедра по графика, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил […]

Урош Ѓуриќ во Мала станица со „Тишина“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 23 ноември 2012 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Урош Ѓуриќ со наслов Тишина. Урош Ѓуриќ го преиспитува меѓуодносот уметник-публика, системот на уметноста-државата и воведувајќи се себеси како референтна точка во тие процеси, го преиспитува местото на уметникот во тој систем на дејствување како активен учесник во микро и макроопштествените хоризонти на реалноста. Различните медиуми на изразување какви што […]