Годишната програма на Националната галерија на Македонија

  Националната галерија на Македонија за 2017 година ќе понуди мошне квалитетна Програма од областа на визуелните уметности, поточно ликовната дејност, издавачката дејност, истражувачки и едукативни проекти, меѓународната билатерална и мултилатерална соработка. Сигурни сме дека оваа Програма ќе ги исполни очекувањата на љубителите на уметноста и целокупната публика, различните таргетни групи, посетители, ќе даде исклучителен придонес во образовниот процес со што ќе се потврди улогата и значението на нашата институција. Меѓу позначајните проекти најнапред да […]

Aпстракцијата во современото македонско сликарство и скулптура

На 29 декември (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде поставена изложбата „АПСТРАКЦИЈАТА ВО СОВРЕМЕНОТО МАКЕДОНСКО СЛИКАРСТВО И СКУЛПТУРА“. Изложбата ретроспективно ја елаборира појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од периодот на шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја притоа непредметната уметност (во сите нејзини варијации) како доминантен израз (и) во македонската ликовна уметност од втората половина на дваесеттиот […]

Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе се отвори ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и […]

Изложба ,,Мојот универзум ‘’ во Чифте амам

На 5 декември (понеделник) 2016 година, со почеток од 13 часот во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата ,, Мојот универзум ‘’. Преку оваа изложба Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во таа насока беа организирани ликовни работилници на кои се изработуваа дела на стакло и коноп. На овие креативни работилници учество земаа учениците од ДУЦОР ,,Партенија Зографски” и Гимназиите СУГЦ ,,Орце Николов’’ и СУГЦ ‘’Јосип БрозТито’’. […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен. Овие дела, од наши […]

Групна изложба “Конекција 2” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, на 1 декември 2016 година (четврток), со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба “Конекција 2”. На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни градови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин (Струмица), Иво Пецов (Виница), Слободан Милошески (Скопје), Маријана Иванова (Виница), Јана Луловска (Скопје) и Јовица Миленов (Делчево). Изложбата вклучува дела […]

Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир. На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 подарени слики кои потекнуваат од најновиот творечки опус на авторот, а домашната публика ќе има можност да ги запознае веднаш […]

Работилница “Моето име, мојата боја” во Мала станица

Еднодневна ликовна работилница Моето име, мојата боја во Мала станица. На ден 28 ноември 2016 година, во новоотворениот детски едукативен центар на Национална галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде реализирана еднодневна ликовна работилница МОЕТО ИМЕ, МОЈАТА БОЈА на која ќе учествуваат ученици од основното училиште Даме Груев, под раководство на ликовниот едукатор Александар Таневски. Активноста е поврзана со Денот на знамето на Република Албанија, а го чествуваат и припадниците на албанската етничка заедница […]

Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Изложбата на Спасе Куновски (1929 -1978) ќе се одржи на 9 декември 2016 година во Даут пашиниот амам со почеток од 19 часот. …Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои прицврстена чорапа, а на другата – која исто така има дрвен инкарнат како градите – подвезицата е прицврстена со игла. […]

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети. На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети. Сликарството на маестро […]