„Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми”
На 17 април 2019 година (среда) , со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам ќе биде одржана промоција на монографското издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка. Изданието под наслов „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми” содржи повеќе текстови од следните автори: проф. д-р Владимир Величковски (авторски текст за творештвото на Костадин Танчев – Динка), проф. д-р Тони Васиќ (текст за најновиот проект – Интегрални графики […]
Изложба на Петре Николоски “БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)”
Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната јубилејна програма по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја најавува изложбата на Петре Николоски насловена ” БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)” која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам, во 19.00 часот. Изложбата на Николоски се состои од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои се во најголем број изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив […]
Од отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ во Чифте амам
Скопје во средата (17 октомври 2018) доживеа културна ренесанса, навидум „Бела ноќ“, многу настани во една ноќ. Во изобилието на богатата културна понуда, без лажна скромност, може да се каже дека отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ беше централен настан. Чифте амам блесна во полн сјај, поставката која одзема здив, најбогатата колекција на Националната галерија беше презентирана во формат на проект на европски или светски ранг, каде се беше […]
Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада
Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето на 24 октомври 2018 година, (среда). И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција. Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена во 19 […]
Изложба “Икони XIV-XX век” од колекцијата
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 декември 2017 година (петок) во 19 часот ќе се отвори изложбата “ Икони XIV-XX век”. Во средината на дваесеттиот век во културното живеење во Македонија се јавува потреба македонската ликовна сцена да биде водена и поттикнувана од стручна институција во која би се презентирала и афирмирала македонската ликовна уметност. За таа цел била извршена адаптација, односно конзервација и реставрација на Даут пашиниот амам и истиот […]
Самостојна изложба на Бурхан Ахмети
Oтворање на самостојната изложба на Бурхан Ахмети на 8-ми декември 2017 (петок), во Чифте амам, 19:30 часот. Делата на Бурхан Ахмети, како графиката така и комбинираната техника на платно, некои меѓународно афирмирани а други нови тукушто појавени на сцената, се однесуваат на реорганизирање на доживувањата на реалноста, на различниот пристап при примената на сликите, а со тоа и на редизајнирање на светот на видливото, смисленото и можноста. Се говори и за убавината на индивидуалното уметничко […]
Цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ во Мала станица
Изложба на цртежи и графики од Љубомир Ивановиќ, ќе биде отворена овој петок во 12 часот, во изложбениот простор на Националната галерија на Македонија, мултимедијалниот центар Мала станица. Љубомир Ивановиќ (1882 – 1945 г.) За животот Како прв сликар што ја запоставил, а потоа и наполно ја напуштил работата со бојата и целиот се предал на цртањето со молив и режење на црно-бели гравури, Љубомир Ивановиќ е основоположник на современата српска школа на уметничкиот […]
Самостојна изложба на Џезаир Реџепи
Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 17 ноември 2017 година (петок) во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на Џезаир Реџепи. Џезаир Реџепи, роден во с. Тануше, Горна Река во 1983 година, акaдемската наобразба ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, a по завршувањето на Факултетот за ликовни уметности, својата работа ја посветил во Конзерваторскиот центар во Гостивар, но паралелно со конзерваторската активност забележително е и […]
Изложба на Мухамедали Алили „Скриени шепоти“
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 ноември 2017 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мухамедали Алили со наслов Скриени шепоти. Мухамедали Алили роден 1972 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, 2000г., отсек графика, во класата на проф.Димитар Малиданов,. Во 2013 година започнал постдипломски студии во Универзитетот ФОН отсек графички дизајн. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу колективни изложби […]
Ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ во Даут пашин амам
Почитувани, Задоволството е да се прикаже труд вложен во изминатите 300 дена од оваа календарска година, 7200 часа потрошени во креативни истражувања трајно втиснати на 240 страници јубилејно идание со наслов „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ на издавачот Национална галерија на Македонија. По овој повод Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев“ имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Петар Мазев […]