Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

MNR pokana mak

На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен.

Овие дела, од наши македонски автори, долги години ги украсувале просториите на амбасадите, конзулатите и мисиите на СФРЈ, а подоцна и на поранешните југословенски републики, недостапни за пошироката јавност, секое на различна дестинација, далеку од матичната Македонија.

Овие 46 дела се донесени од над 20 различни држави. Некои од нив пропатуваа од најдалечните Мексико, Каракас, Перу, Токио, Њујорк за конечно повторно да се најдат тука во Македонија, онаму каде што припаѓаат. Меѓу останатите автори на изложбата се застапени дела и од авторите Мартиновски, Личеновски, Коџоман, Мазев, Кондовски, Куновски, Темкова, Хаџи Бошков, Перчинков и други, чија што работа оставила голема трага во македонската култура, создадени во периодот по Втората светска војна, дела кои досега не биле изложени за широката културна јавност, дела кои ќе го збогатат културното наследство на Република Македонија.

no comments

Read more...

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август.

29 Низ огледалото, изложба на Санјонг Ли, 3.8.2016-29.8.2016; Фотографија - Драган МитрескиСанјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, а во 2009 година завршува постдипломски студии на одделот за ликовна уметност на истиот универзитет. Наградена е како најдобар студент во класата на Факултетот за продукт дизајн.

Во 2007 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Кореја и Друштвото на Ликовни уметници на Ченгџу. Таа е еден од основачите на групата Егзит, формирана во 2012 година. Предава на Националниот универзитет во Чунбук на Факултетот за фигуративна уметност. Изложува на повеќе самостојни и групни изложби во Кореја, Јапонија, Кина, САД, Македонија и т.н.

На изложбата „Низ огледалото“ беа претставени дела во повеќе медиуми ‒ инсталации, објекти, слики и фотографии.

„Инспирирана од книгите на Луис Керол, ’Алиса во земјата на чудата’ и ’Алиса од другата страна на огледалото’ кои, иако наменети за деца, биле критика на времето во кое биле напишани, Санjонг Ли преку својата изложба ’Низ огледалото’, на сличен начин, со својот бајковиден израз, се осврнува на апсурдот на светот во кој живееме денес. Преку дела во различни медиуми, во две и три димензии, не води од другата страна на огледалото, во свет кој навидум ја деформира реалноста, но во суштина е воочување и посочување на нејзиниот вистински карактер, ослободен од илузијата.

Детските пластични играчки – Барби кукли, продукт на потрошувачкото општество, кој има тенденција од најмала возраст да се наметне како модел за убавина, формирајќи стереотип, се ’разголени’ во нивното вистинско светло, како продукти во пластични кеси и ангели со црни крилја. Црвените волнени клопчиња распоредени во просторот и поставени наместо глави на куклите, не тераат да се запрашаме каде води конецот што се замотува… Како знак на отпор на ваквата ситуација која се заплеткува во се поголем апсурд, Санјонг ја предлага можноста да се обидеме да застанеме и да не правиме ништо.“ ‒ Маја Кировска, куратор на изложбата.

no comments

Read more...

“Обичниот човек” на Жарко Башески (дела во простор)

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година.

besheski cifte amam (3) (Copy)

Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности.

Изложбата ке биде поставена до 15 август 2016 година.

no comments

Read more...

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати.

rufati mala stanica

Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

no comments

Read more...

“Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015″ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 13 јуни 2016 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба на Горанчо Ѓорѓиевски насловена Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015.

fejbuk gorancho

Модерниот свет, сега веќе поодамна, тргна по патот на технолошкиот и комуникациски развој. Последица, цел или причина на оној развој, а можеби и сето тоа заедно, е глобализацијата, која со своите алатки, рекламата и медиумската манипулација, креира промена на свеста на современиот човек поништувајќи една меморија и носталгија, а создавајќи нешто што не знаеме што е. На тој и таков терен, уметникот Горанчо Ѓорѓиевски прави емотивен гест од кој создава концепт за проект, кој се претвора во сериозно уметничко истражување на општествените мрежи. Започнал со роденденска честитка за пријател на Фејсбук на 7 август 2014 година и продолжил во ист дух секојдневно да праќа честитки на пријателите од Фејсбук, сè до 6 август 2015 година. Така, сега има околу 400 честитки. Прво место од кое закачил честитка беше од Скопје, потоа следат Њујорк, Цетиње, Софија, Загреб, Љубљана итн. Сакал да избегне гугл-фотографии, па направил свои и тоа со мобилен телефон, почитувајќи го на тој начин фотожаргонот на Фејсбук.

Во почеток, тоа биле само фотографии на локации, потоа почнува да обрнува внимание на профилите на пријателите на Фејсбук за да направи фотографии блиски на нивниот карактер и на нивните интереси. „Селфи“ го заменува со своите прсти. Почнува да му станува битно дали профилите се отворени или затворени, дали допуштаат честитката да биде видлива или не, потоа лајковите од пријателите, па лајковите од пријателите на пријателите, па коментарите и споделувањата, и на крајот, интервенциите на честитките, посебно од Божидар Дамјановски, како и визуелните честитки кои него му ги пратиле пријателите за неговиот роденден, по неговиот принцип, нешто како Фејсбук-фидбек. Во текот на работата, понекогаш морал да ги замоли пријателите да го испратат на одалечени локации, да изработи реквизити, скришно да фотографира таму каде што фотографирањето е забрането, стрпливо да чека момент за фотографија итн. На крај сите честитки ги испечатил, ги авторизирал и ги потпишал.

Горанчо Ѓорѓиевски, на овој начин, споил неколку работи врзани за современото информатичко и дигитално и нет-општество. Тоа е речиси манијакална потреба да се биде секаде и тоа секаде да биде фотодокументирано, со што се објавува ЈАС БЕВ ОВДЕ (и бит и битие и сопство и его и супер его и ерос и танатос…). Тоа е новоцивилизациска замена на човекот во дигиталната пештера за отисоци од рацете на човекот во пештерите од каменото време. Иста цел, иста дистанција. Тоа е концептуално и/или новоконцептуално направен знак, означител и означено. Темата е роденден. Ден кога се родило сосема одредено човечко битие. Ден според кој се мерат сите останати земски денови на тоа битие. Ден кој посебно е посебен и во светот на друштвените мрежи. Фотографијата, непретенциозна, е направена со мобилен телефон. На неа има и текст со елементарни податоци. Важно е што текстот и сликата се надополнуваат, па нема причина едното да го толкува другото, толкувањето е веќе на ниво на „лајкови“ (допаѓања), а има и дополнителни повратни интервенции и коментари на делото. Се заедно се чини и како концепт и како дело и како исказ, па остануваме нерешителни дали е сето тоа заедно претстава или симбол на состојбите во уметноста во кои сме. Како целата теорија на историјата на уметноста да е на проверка, а и роденденот, најчесто површен знак, со овој проект како да станува икона на современото општество.

Општ впечаток е дека Горанчо Ѓорѓиевски е уметник кој тврди: И уметникот е присутен и уметноста не е отсутна, а со овој проект како да додал шармантен, но сериозен коментар: Фактот дека не знаеме кога е родена уметноста, не значи дека таа не постои ;)

На отворањето на изложбата, посетителите ќе можат да ја пронајдат испечатената авторизирана честитка која им е упатена преку Фејсбук и слободно да си ја земат како поклон. Соработник или коавтор на дел од делата е и познатиот македонски уметник Божидар Дамјановски кој живее и работи во Белград. Текстот за изложбата го напиша Милош Вујановиќ, професор на Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, а куратор на изложбата е Марјан Ѓорѓиев.

no comments

Read more...

“Земна и небесна екстаза” во Мала станица

Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН со промоција на книга и отворање на изложба под наслов ЗЕМНА И НЕБЕСНА ЕКСТАЗА, светска љубовна поезија и сликарство на 15-ти април, Светски ден на уметноста.

mal stanica logo vlez

Автори – учесници на изложбата се Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Петар Попчев, Стефан Хаџи-Николов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Решат Амети, Илија Спасовски-Чендо, Бук Митевски, Симонида Филипова-Китановска и Бернхар Холеман.

Инспирацијата учесниците ја црпена од антологискиот избор на поезијата на Соломон, Лермонтов, Хајне, Блок, Верлен, Лорка, Кович, Ацо Шопов и Анте Поповски.

Отворање на изложбата во објектот Мала станица во 20:30 часот.

no comments

Read more...

Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат

Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура…

izlozba mala stanica otkup

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за култура во 2015 година.

Изложбата ке трае од 29.03. – 06.04.2016

________________________

Поставка…

no comments

Read more...

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Jo Ann Lanneville 3

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил.

Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена.

На изложбата ќе биде презентиран дел од творечкиот опус на канадската уметница Жо Ан Ланвил, која е мошне активен графичар. Таа е коосновач на Ателјето Прес Папие и Интернационалното Биенале за современа графика Троа – Ривириере. Имала повеќе од триесет самостојни изложби во Канада и во повеќе од десетина земји низ светот.

Jo Ann Lanneville 2

Исто така, добитник е на неколку награди во странство, а особено важна е Големата награда на Меѓународното биенале во Барат во Бопал, Индија, потоа наградата за најдобро графичко дело во Париз, и Почесната награда на Рексам – Меѓународното графичко биенале во Обединетото Кралство.

Изложбата „Природата на универзумот” е изложба на дела во која уметникот се обраќа на прашања за нарушувањето на еколошката рамнотежа, и им нуди на гледачите место за да се скријат и да не бидат сведоци на уништувањето на животната средина. Посетителите ќе имаат единствена можност да се запознаат со работата на оваа атипична уметничка преку три различни медиуми – графики, цртежи и објекти.

Jo Ann Lanneville 1

Соработката со Канадската амбасада преку овој проект продолжува и во иднина, а Националната галерија на Македонија и Министерството за култура, на овој начин ќе се вклучат активно во чествувањето на деновите на франкофонијата.

no comments

Read more...

Изложба на Владо Мартек во Чифте амам

На 24-ти ноември 2015 година (вторник), во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек.

PrintОГЛЕДАЛОТО НА МАРТЕК - Сетете се на уметноста

Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa šestorice autora), со уметнички книги, и aут принт (22 самиздати, летоци, плакати, разгледници). Од почетокот на осумдесеттите се занимава со сликарство, скулптура, графика, ленд арт. Пишува поезија, текстови и критики за ликовни практики. Објавил единаесет книги – од збирки поезија, збирки текстови и инсценирани фотографии, до книги есеи за современата уметност и две коавторски изданија на графички мапи.

Делата на Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМа, Њујорк; Лудвиг музеј, Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин, Збирката на Ерсте банка, Виена, три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз…
Живее и работи во Загреб и Ровињ.

Проектот е од ретроспективен карактер и ја искажува слоевитата поетика на авторот, нејзината севкупност, или уметничкиот случај на Мартек, кој опфаќа епизоди со поезија, сликарство, скулптура, акционизам, публикации од типот самиздат, како и авторски книги, оут принт во вид на летоци, агитации, разгледници, како и инсталации, амбиенти, колажи и асамблажи.

Print

На изложбата ќе бидат прикажани околу стотина дела.дела од седумдесеттите, осумдесеттите …се до оваа деценија со група рецентни творби реализирани во повеќе медиуми.

Куратор на проектот е Викторија Васева. Изложбата ќе биде поставена до 8-ми декември 2015 година.

no comments

Read more...

Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември 2015 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future) …

looking at nothing 2

Looking At Nothing – Desire In The Future
Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, со моќта на визуелните култури и медиуми и нивните влијанија, односно со „видеото како можност за преиспитување и критика на своето битие“ – Розалинд Краус (Rosalind Krauss).

Самата изложба се состои од дела на уметници кои по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет имаат блиски или слични „склоности“ во однос на „видео сликата“, односно во бележењето на одредени состојби и перцепции од самата физичка/креативна стварност и нивно претворање во визуелни „немости“ и кадрирани „тишини“ на самите нешта…

Изложбата Looking At Nothing (Desire In The Future) ја сочинуваат дела од авторите Ана Адамовиќ (Србија), Taња Деман (Хрватска), Мирна Арсовска (Македонија), Давор Санвинценти (Хрватска), Горан Шкофиќ (Хрватска), Тихомир Топузовски (Македонија), Владимир Николиќ (Србија), Марко Марковиќ (Хрватска) и Александар Спасоски (Македонија).

Куратор на изложбата е историчарот на уметност Дејан Буѓевац.

looking at nothing

Во прашање се мултимедиумски автори од регионот, со значајна творечка активност и препознатливост на меѓународната уметничка сцена во последната деценија, кои најчесто своите концепти и конструкции ги реализираат преку медиумите како што се филм, звучни и видео проекции, фотографија, видео инсталации и аудиовизуелни перфоманси.

Овие автори креираат естетизирани „состојби“, „движења“, „слики“ и „кадри“, надвор од вообичаениот и доминантен третман на визуелниот јазик, кој што најчесто е исполнет со психосоцијални секвенци и информативни содржини и пораки од коишто гледачот на прагматичен и мошне агресивен начин треба да бида релаксирачки „вознемирен“.
Сите видеа на изложбата се „испразнети“ од нивните оригинални звучни содржини и претставуваат „чисти“ подвижни слики и визуелни обликувања и промислувања, во кои гледачот може да се препушти на нивните, понекогаш заводливи вибрирачки површини.

Во прашање се дела во коишто се допираат и преплетуваат личното(семејното) сеќавање, амбиенталната поетика на повторувањето која до крајна можност ја банализира идејата за „тематски почеток и крај“ на делото, статичната тишина на видео сликата, суптилната естетика на „неважното“ која бара активирање на повеќе сетила… Се работи за тактилни и бавни „анахрони“ бележења, кои независно од идеите и концептите на авторите, на моменти делуваат како естетизации на „некои минати и исцрпени времиња, кои можеби и не се случиле и кои треба да се случат“.

Овие уметници во своите видеа се занимаваат со оној остаток/недостиг/вишок, кој не освојува, кој не фасцинира, кој не драматизира и не претендира, туку овозможува една поинаква „забавеност“ на стварноста и минливоста на нештата? Едно поинакво промислување, кое не е ниту носталгично, ниту толкувачко, туку е поинаков временски-просторен пристап наспроти хистеричниот проток на времето, коешто денес се` повеќе се поврзува исклучиво за поимот на брзината. На тој начин, овие дела ни овозможуваат можност за едно поинакво разбирање на визуелниот простор и на она што се случува околу нас.

Изложбата ќе биде поставена до 27-ми ноември 2015 година.

no comments

Read more...