Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.

Јавна дебата на НГМ со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“

На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“. Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од објектите во составот на Националната галерија на Македонија. На оваа јавна дебата учествуваа 12 панелисти и тоа: д-р Дита Старова […]

Промоција на монографија „Вељо Ташовски, живот и творештво“

На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на […]

Европска ноќ на музеите 2017

Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители. Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а е поддржана и од асоцијацијата Музеите во Франција, Федерацијата „Пријатели на музеите“, TV5MONDE, Radio France и други. Националната галерија на Македонија во рамките на европската манифестација „Европска ноќ на […]

Теута Хоџа Имери во Gallery MC New York

Во текот на месец април 2017 г. ќе се реализира проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка подржана од Министерството за култура на Р.М., во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД (Gallery MC New York) ке биде отворена изложба на графики на уметницата Теута Хоџа Имери. „Апстрактно конципираниот графички израз на Теута претставува авторефлексивна, автореферентна слика на жена-мајка, жена-сопруга и жена-творец. Во оваа тријада, таа […]

Годишна изложба на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложба на дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште “Јосип Броз Тито”. Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува по дваесетти пат, и петти во истиот професионален простор. Со ова се продолжува заложбата на Национална галерија на Македонија да […]

Работилница “Моето име, мојата боја” во Мала станица

Еднодневна ликовна работилница Моето име, мојата боја во Мала станица. На ден 28 ноември 2016 година, во новоотворениот детски едукативен центар на Национална галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде реализирана еднодневна ликовна работилница МОЕТО ИМЕ, МОЈАТА БОЈА на која ќе учествуваат ученици од основното училиште Даме Груев, под раководство на ликовниот едукатор Александар Таневски. Активноста е поврзана со Денот на знамето на Република Албанија, а го чествуваат и припадниците на албанската етничка заедница […]

Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ во Цетиње

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 5 август 2016 (петок) во 20 часот во Народниот музеј на Црна Гора – Црногорска галерија на уметности `Миодраг Дадо Ѓуриќ` во Цетиње, Црна Гора, ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб, а во декември 2015 година во Национална галерија на Македонија – Мала станица и […]

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија. Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со […]

Разговори за уметноста „Уметноста и религијата“

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот. Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија. Во таа […]