За престојното претставување на Венециското биенале

Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот. Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]

Прес во Мала станица по повод настапот на Венециското биенале

По повод престојното 55то Венециско Биенале и подготовките за презентацијата на нашиот Национален павилјон, во четврток, 16 мај 2013 година, во 10.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржи прес конференција. 55то Венециско Биенале ќе се одржи од 1 јуни до 24 ноември 2013 година. Насловот на Македонскиот павилјон е  Silentio Pathologia, што е всушност проект на Елпида Хаџи Василева. Комесар е Халиде Палоши, куратор Ана Франговска. Инаугурацијата е закашана […]

Претставување на Омер Калеши во Истамбул

Сакаме да ве известиме дека вечерва, во 18.00 часот, во Тек Санат галеријата во Истанбул, Турција, се отвори самостојната изложба на Омер Калеши на која како специјални гости присуствуваа директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши, и претставници од галеријата, а на свеченото отворање на изложбата беа и Јордан Плевнеш, ректор на ЕСРА и конзулот на Р.Македонија во Турција, г-ѓа Зерим Абас. По отворањето на изложбата се дискутираше околу позитивната реакција и спремноста […]