Графики и цртежи на Адем Дермаку во Чифте амам

На 08 Август 2019 (четврток) во Националната галерија, објект „Чифте Амам“ со почеток од 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „ МОИТЕ СПОМЕНИ, ДАЛИ СЕ И ТВОИ…?!”, графики и цртежи од Адем Дермаку, познат уметник од Швајцарија/Косово. Дермаку се продлабочи рано во техниките на графичко печатење. Неговото широко познавање на многу традиционални техники често се комбинира во неговите дела. Градење мостови преку употреба на носталгични средства, кои ги користат уметниците за критични современи теми, кулминира во нови, изненадувачки слики. Неговите […]

„Интеграција на идентитети“ во Мала станица

Во Националната галерија, објект Мултимедијален центар „Мала станица“ на 26 Jули 2019 (петок) со почеток од  20.00 часот,  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автори од С.Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба, која е иницирана од ликовната група уметници „Конекција“ и е продуцирана од КИЦ на РСМ во Софија, беше претставена пред културната публика во Пловдив – градот Европска престолнина на културата за 2019 година и во главниот град на Бугарија, Софија. […]

Изложба „Неименуваното е одговор“

Живееме во време во кое изборот и начинот на кој се прикажува минатото е од клучно значење за демократизацијата на современото општество. Историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување. Дали нашите животни и професионални заложби ќе ги водиме во потенцирање на јавното, заедничкото и развојот или кон сè поголема индивидуализација и раст, типична за денешниот глобален капитализам, зависи и од тоа и како го вреднуваме минатото и од […]

„Од традицијата“ изложба на Решат Амети

Изложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими. Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски. Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ […]

Европска ноќ на музеите 2017

 Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители. Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен. Овие дела, од наши […]

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август. Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, […]

“Обичниот човек” на Жарко Башески (дела во простор)

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за […]

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати. Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

“Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 13 јуни 2016 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба на Горанчо Ѓорѓиевски насловена Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015. Модерниот свет, сега веќе поодамна, тргна по патот на технолошкиот и комуникациски развој. Последица, цел или причина на оној развој, а можеби и сето тоа заедно, е глобализацијата, која со своите алатки, рекламата и медиумската манипулација, креира промена на свеста на современиот човек поништувајќи една меморија и […]