“Земна и небесна екстаза” во Мала станица

Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН со промоција на книга и отворање на изложба под наслов ЗЕМНА И НЕБЕСНА ЕКСТАЗА, светска љубовна поезија и сликарство на 15-ти април, Светски ден на уметноста. Автори – учесници на изложбата се Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Петар Попчев, Стефан Хаџи-Николов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Решат Амети, Илија Спасовски-Чендо, Бук Митевски, Симонида Филипова-Китановска […]

Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат

Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура… Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за култура во 2015 година. Изложбата ке трае од 29.03. – 06.04.2016 ________________________ Поставка…

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил. Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена. На изложбата ќе биде презентиран дел од творечкиот опус на канадската уметница Жо Ан Ланвил, која е мошне активен графичар. Таа е […]

Изложба на Владо Мартек во Чифте амам

На 24-ти ноември 2015 година (вторник), во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек. ОГЛЕДАЛОТО НА МАРТЕК – Сетете се на уметноста Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa […]

Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември 2015 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future) … Looking At Nothing – Desire In The Future Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, […]

Изложба „Современа словенечка фотографија” во Чифте амам

Изложбата „Современа словенечка фотографија” во организација на Фото сојуз на Македонија ке биде отворена на ден четврток, 12.11.2015 година во 20 часот во изложбениот простор Чифте амам. На отвoрањето на изложбата ке се обратат Боро Рудиќ и Александар Кондев. Фото Сојуз на Македонија со задоволство ги информира љубителите на фотографијата од Скопје и Македонија дека Изложбата – Современа Словенечка фотографија, којa е во рамките на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија” ке биде отворена во Националната […]

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]

Изложба на Милан Коњовиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2015 година (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Милан Коњовиќ. Историјата на уметноста покажа дека Милан Коњовиќ е еден од оние уметници кои оставиле битно влијание на тековите на бившо југословенското сликарство на дваесетиот век. Својот творечки опус го започнува во текот на втората деценија на минатиот век, а го завршува на почетокот на деведесетите години, поточно 1993 година, кога починува […]

Изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 25 март 2015 година, во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ. На оваа изложба Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен […]

Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. Новата серија на скулптури од Иван Фијолиќ насловена Нео НОБ дури и не се обидува да ги сокрие своите референци […]