Донација на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од НГМ

Share Button

partenija zografski paketcinja ngm 4Толку многу настани, ликовни работилници, креативни авантури, прекрасни искуства поминавме во оваа 2017 година.

Нова Година е период кога луѓето подаруваат, денови кои ја греат душата и срцето. Оваа година, повеќе од успешна, ја заокруживме со хуманитарна акција.

partenija zografski paketcinja ngm 3Годишната изложба на основните училишта со наслов „Мазев и јас“ која беше отворена на 19-ти декември во Даут пашиниот амам беше уметничка ревија на детски платна насликани и инспирирани од творештвото на Мазев. Концептот на овој проект, како додадена вредност, се насочи кон хуманитарна акција која имаше масовен одзив, адресирана кон широката јавност, посетителите на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Имено, беше реализирана донаторска акција наменета за учениците со оштетен слух и говор, штитеници на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје, под мотото од децата за децата.

partenija zografski paketcinja ngm 1

Сакаме да упатиме зборови на голема благодарност до сите донатори, обичните луѓе, посетители кои несебично се приклучија на акцијава, донираа а за возврат понесоа со себе по некое „уметничко платно“ на малите креативци за кои изјавија дека многу има се допаѓаат.

Националната галерија на Македонија од собраните средства и од сопствени средства обезбеди сликарски и училишен прибор за штитениците. Кон оваа акција се приклучи семејство, кое сака да остане анонимно, а несебично ја збогати и надополни донацијата со новогодишни пакетчиња.

partenija zografski paketcinja ngm 5

Вчера, на 27-ми декември, претставници на НГМ го посетија училиштето „Партенија Зографски“, ја предадоа донација во една скромна но исклучително топла празнична атмосфера. Изненадувањето и благодарноста од страна на директорот и тимот на училиштето беше бескрајна а на големо задоволство на учениците.

Share Button