Loading изложби

« Сите изложби

Изложба „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босански автори“

October 18 @ 20:00 - November 18 @ 18:00

Share Button
Изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална Галерија на Македонија”.

Изложените дела припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија. Збирката е создадена во првите години од основањето на галеријата. Временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX кон средината на XX век.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 110 ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбатана љубителите на уметноста им дава општ преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на сликарството и вајарството создавано од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори, обработени и претставени според нивните временски и стилски карактеристики во зависност од обемот и квалитетот на збирката што ја поседуваме. Ќе бидат претставени најзначајните имиња на сликари и вајари од бившите југословенски републики (Влахо Буковац, Мирослав Краљевиќ, Урош Предиќ, Целестин Медовиќ,Паја Јовановиќ, Петар Добровиќ, Петар Лубарда, Зора Петровиќ, Ѓорѓе Андреевиќ – Кун, Крсто Хегедушиќ, Омер Мухаџиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Антун Августинчиќ и др.) чие творештво го прикажува развојниот пат од класицизмот кон создавање на современиот модерен ликовен израз.

Исто така ќе биде презентиран и дел од оригиналната архивска документација поврзана со формирањето на оваа збирка во периодот од 1948 до 1954 година.Преку презентацијата на оваа документација ќе се потсетиме на огромниот вложен напор, не само на тимот кој ја водел Уметничка Галерија ( Борко Лазески, Никола Мартиноски), туку и на државните институции кои несебично и со голема одговорност ја поддржале оваа акција и придонеле Национална галерија да ја поседува најбогатата збирка од овој тип во Македонија.

Куратори на изложбата се кустосите Славица Алексоска и Тања Бундалевска.

Насловна слика:
ПАЈА ЈОВАНОВИЌ
Портрет на дама, околу 1920 година, масло на платно, 64×78 см

Share Button

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986