Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Изложба на Африм Спахиу

April 16 @ 19:30 - May 4 @ 20:00

Share Button

Африм Спахиу е исклучително значаен автор за историјата на македонската уметност, тој е основоположник во сферата на современиот балкански филм – директор на фотографија и истакнат фотограф во регионот со редица самостојни изложби во значајни галериски простори во регионот и пошироко.

Oва е негова прва голема презентација во Македонија, каде ќе бидат изложени дела од изминатите речиси педесетина години од неговото творештво.

Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент на уметноста.

Роден е во Дебар на 3 мај 1951 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб, во класата на професорот Никола Таннхофер.

Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во Косовафилм. Тој е директор на фотографија на повеќе од 15 филмови од 1977 година до денес. Добитник е на неколку награди.

Живее и работи во Приштина.

Опусот на Спахиу опфаќа широк дијапазон на тематски преокупации, диверзни технички пристапи и идејни цели на реализација на осетливата светлина на хартијата. Тој го фотографира сето она што го опкружува притоа обидувајќи се колку што е можно да ја остави класичната функција или предметната уметност за себе, целејќи да реализира што поапстрактни состави кои нема да ја прекинат врската со реалноста, туку напротив ќе ја истакнат уште повеќе, но од една друга димензија и перспектива која во одедени дела може да се третира како метафизичка.

Share Button

Информации

Почеток:
April 16 @ 19:30
Крај:
May 4 @ 20:00
Event Tags:
, ,

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986