Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Изложба на Рубенс Корубин „Ателје, Радоста на сликањето“

October 8 @ 20:00 - November 3 @ 18:00

Share Button

Рубенс Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата.

Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет.

Изложбата на Рубенс Корубин во Националната галерија, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена на 8ми октомври 2019 година, со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе бидат прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата ќе бидат поставени и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус.

„Ателје, Радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

РУБЕНС КОРУБИН

“АТЕЛЈЕ, Радоста на сликањето”

8. 10.2019 Вторник, 20.00 часот

Објект Чифте амам

Share Button

Информации

Почеток:
October 8 @ 20:00
Крај:
November 3 @ 18:00
Event Tags: