Loading изложби

« Сите изложби

Костадин Танчев Динка – ретроспективно/монографската изложбa

April 24 @ 20:30 - May 24 @ 18:00

Share Button

На 24.04.2019 година во 20.30 часот во објектот Даут Пашин амам ќе биде отворена ретроспективно – монографската изложба на Костадин Танчев Динка.

На изложбата ќе бидат изложени негови дела од областа на графичката уметност, сликарството и графичкиот дизајн кои прават пресек на неговото повеќедецениско творештво.

Костадин Танчев Динка во текот на својот повеќедецениски плоден творечки век остави значаен белег како ликовен автор и како ликовен дизајнер. На полето на применетата графика се смета за водечки во Македонија, иноватор во дизајн, бележит сценограф, врвен изработувач на плакати и дизајнер на публикации. Остави свој белег и преку своите графички и сликарски дела. Изложбата има за цел да направи пресек на неговото целокупно творештво и да го потврди неговото место во развојот на македонската современа ликовна уметност.

Роден е 1940 во Валандово.

Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1967. Работел во областа на филмот, филмската анимација, тетарска сценографија, графички дизајн, плакати, сликарство. Бил професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Имал бројни самостојни изложби во Лондон, Цирих, Анкара, Скопје и Валандово, групни претставувања во Париз, Нирнберг, Австралија, САД, Загреб, Белград, Нови Сад, Љубљана, Блед, Скопје. Добил над повеќе од 40 домашни и меѓународни признанија.

Кустоси: Маја Неделкоска-Брзанова, Маја Чанкуловска-Михајловска, Горанчо Ѓорѓиевски

Костадин Танчев – Динка
Од циклусот „Што прикажува баба Гена“, 1988, сито-печат А/О, 50х36 см
Делото е сопственост на НУ Национална галерија

Share Button

Информации

Почеток:
April 24 @ 20:30
Крај:
May 24 @ 18:00
Event Tags:
, , ,
Website:
https://www.facebook.com/events/2261445967450358/

Локација

Daut Pasha Hamam
Krushevska 1A
Skopje, 1000 Macedonia
+ Google Map