Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

„Почетоци за паметење” 1948-1956

December 5 @ 20:00 - 22:00

Share Button
На 5 декември 2018 год. (среда), во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Почетоци за паметење” 1948-1956 (изложба од архивата на Национална галерија на Македонија) која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.

На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење. Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја водел Уметничкатагалерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста идвигател на културниот живот во Македонија.

Share Button

Локација

Daut Pasha Hamam
Krushevska 1A
Skopje, 1000 Macedonia
+ Google Map