Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Уметнички настан со (за) Петре Николоски

Јануари 30 - Февруари 14

Share Button

Почитувани,

Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната програма ќе ја организира изложбата на Петре Николоски насловена БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity) во текот на месец ноември 2018 година. По тој повод, предвидена е и пропратна активност, со цел собирање на „граѓа“ за градење на просторните инсталации и скулптури од 30 јануари до 13 февруари во Чифте амам.

„ … Книгата / Библиотеката ќе биди метафора и исто така примарен материјал во моделирањето на овие две (6 и 4 метри високи скулптури) во форма на обелиск чиј резултат ќе зависи од алтроистичкиот придонес на авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината.“

Како дел од долгорочниот проект „Кожата на Прилепското Поднебје“ минативе неколку години со Градската Библиотека Борка Талески – Прилеп Николоски работел на планирање на ликовни дела инспирирани од Книгата / Библиотеката на кои размислувања се приклучи Националната и Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски – Скопје, а финалниот резултат ќе биди изложен во Даут-пашин и Чифте Амам во организација на Националната Галерија на Македонија.

Со таа цел ја испраќаме оваа отворена покана до писателите, во широка смисла на зборот, исто така и до членовите на научни, културни и образовни институции и оние кои самостојно делуваат и преку пишаниот збор ја дефинираат мислата, вклучувајќи педагози и читатели, за ваш придонес во реконструкцијава на сознанијата за менталната мапа на македонскиот и прилепскиот современ пејсаж.

По примерот на ова искуство ќе се направат слични соработки со селектирани меѓународни библиотеки и културни институции!

Објаснување:

Придонесот на авторите на пишаниот збор: по можност да донираат без ограничување и цензура по два примероци од исто објавено дело, а придонесот на читателите ќе биди по една книга исто така без количинско ограничување и цензура. Примероците ќе бидат трајно изложени на полицата за книги (објаснето подолу) додека во моделирањето на скулптурата волуменот на овие книга ќе биде заменет со идентични дрвени копии.

Заради комплексноста:

Од 30 јануари до 13 февруари во Чифте Амам во Скопје ќе се одржи изложбата ‘Приватно –Јавно’, на која ќе биде представена идејата за делата ‘Бесконечност’, каде што покрај редовните посетители на галеријата ќе бидат поканети представници на издавачките куќи, и сите погоре спомнати преку изложените макети и скици ќе го видат нивниот потенцијален алтруистички придонес во овие колективни ликовни дела.

Заради несебичниот придонес на сите вклучени во изведбата, овие дела ќе бидат отстапени на неограничено користење на Националната Галерија, Прилепската и Националната и Универзитетска Библиотека во Скопје.

Техничко појаснување:

Делата БЕСКОНЕЧНОСТ ќе бидат сочинети од три единици од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга на авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, а во урамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите.

За собирното место за вашиот алтруистички придонес ќе бидете информирани за време на изложбата ‘Приватно-Јавно’ во Чифте амам.

Пример за неколку дела кои биле резултат на слични соработки:

Социјално еколошката состојба на ‘Пејсажот што ме опкружува’ е во центарот на творештвото на Петре Николоски и често е резултат на соработка со професионалци но и личности кои по прв пат се соочуваат со ликовно дефинирање на мислата.

 

Share Button

Информации

Почеток:
Јануари 30
Крај:
Февруари 14

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986