Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам

Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија. Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година е добитник на […]

Ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“

Почитувани, Задоволството е да се прикаже труд вложен во изминатите 300 дена од оваа календарска година, 7200 часа потрошени во креативни истражувања трајно втиснати на 240 страници јубилејно идание со наслов „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ на издавачот Национална галерија на Македонија. По овој повод Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев“ имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Петар Мазев […]

Одбележување на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби со изложба

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 1 ви декември 2017 година (петок), во 12 30 часот ќе се отвори изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“. Националната галерија на Македонија години наназад организира различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат социјални вештини и создаваат многу нови пријателства. Оваа година, учениците со оштетен слух и говор од училиштето ДУЦОР ,„Партенија Зографски,“ […]

Изложба “Икони XIV-XX век” од колекцијата

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 декември 2017 година (петок) во 19 часот ќе се отвори изложбата “ Икони XIV-XX век”. Во средината на дваесеттиот век во културното живеење во Македонија се јавува потреба македонската ликовна сцена да биде водена и поттикнувана од стручна институција во која би се презентирала и афирмирала македонската ликовна уметност. За таа цел била извршена адаптација, односно конзервација и реставрација на Даут пашиниот амам и истиот […]