Графики и цртежи на Адем Дермаку во Чифте амам

Share Button

На 08 Август 2019 (четврток) во Националната галерија, објект „Чифте Амам“ со почеток од 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „ МОИТЕ СПОМЕНИ, ДАЛИ СЕ И ТВОИ…?!”, графики и цртежи од Адем Дермаку, познат уметник од Швајцарија/Косово.

Дермаку се продлабочи рано во техниките на графичко печатење. Неговото широко познавање на многу традиционални техники често се комбинира во неговите дела. Градење мостови преку употреба на носталгични средства, кои ги користат уметниците за критични современи теми, кулминира во нови, изненадувачки слики. Неговите дела одразуваат фундаментална потреба на уметникот да не ги потиснува неговите мрачни години. Користењето на старите и новите медиуми и техники, поетички и вешто да ја постигнат целта е невообичаено за современиот уметник, но уметникот Адем Дермаку управува со овој балансиран чин – благодарение на неговото искуство.

Адем Дермаку е роден на 31.07.1978 година во Каменица, Косово.
Живее и работи во Швајцарија.

 

ОБРАЗОВАНИЕ:
1997- завршил средно училиште во родното место.
2002 – дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Приштина во оделот за графика на класата на професор Фатмир Крипа.
2002- година се запише на постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во оделот графика кај професор Фатмир Крипа.
2005- Дипломирал на постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во оделот графика во класата на професор Фатмир Крипа.

РАБОТНО ИСКУСТВО:
Од 2003 година и ден денес работи како стручен соработник во студиото на литографија “Steindruckerei Wolfensberger” во Цирих, Швајцарија.
2015- Учесник на графичката работилница во Универзитетот на Масачусетс, Бостон.
Е куратор и организатор на многу групни и самостојни изложби на познати уметници.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:
2016- Галерија “Kunstraum” Цирих, Швајцарија.
2014- Галерија “Am Lindenhof Zürich” во Цирих, Швајцарија.
2013 – “Kulturschür liebegg Männeorf” во Цирих, Швајцарија.
2010 – Национална галерија на уметноста во Приштина, Косово.
2010- Галерија Волфенсбергер “Данке” Цирих, Швајцарија.
2003 – Арт клуб “Алтернатива” Скопје, С.Македонија.
2003- Галерија на Министерството за култура во Приштина, Косово.

ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ:
Учествувал на многубројни изложби, на повеќе од триесет групни изложби од меѓународен и локален карактер. Учесник на меѓународен Годишни, биенали и триенали на графика на различни земји: Јапонија, Албанија, Романија, Косово, С.Македонија, Бугарија, Швајцарија, Австрија, Германија, Франција, Шпанија, Америка, итн
Учествувал низ неколку меѓународни уметнички колонии во С.Македонија и во Косово.

НАГРАДИ:
Добитник на девет награди за најдобра графика, најдобар цртеж и најдобра слика од Факултетот за ликовни уметности во Приштина, Косово. Добитник на наградата за најдобра графика од Здружението на ликовни уметници Draudacum од С.Македонија.

Share Button