Икони

Во повеќето изминати векови македонските творци чекореа по светските артерии на византискиот ликовен израз. Битката за еволуција и откривање секогаш ги надминувала локалните рамки. Некои ансамбли за ѕидното сликарство, иконописот и применетата уметност од Македонија заземаат високо место во европската историја на уметноста. Иконата во тој поглед е квинтесенција не само на ликовната изведба, туку во неа длабоко се проникнуваат духовните слоеви, естетичката идеја и непосредно обраќање кон луѓето.

Затоа, пред големата сеопфатна панорама што го следи македонскиот подем на уметноста на XX век на Македонија, хронолошки и претходи колекцијата на икони како едно потсетување на изодениот пат кон врвот. И покрај тоа што изложените икони не се конципирани со антологиски метод, тие ќе му пружат на љубителот на уметноста пролегомена за стилските за стилските текови од херојското време на Михаил и Евтихиј, пелагониските браќа Јован и Макариј од XIV век, се до творењето на мијачките зографи во времето на Преродбата. Тие само потврдуваат дека низ вековите, меѓу Охрид, Пелагонија и Скопје постојано пулсираат ликовните врски со Цариград и Солун, потоа со Атос, Венеција и Средна Европа. Тие само потврдуваат дека низ вековите, меѓу Охрид, Пелагонија и Скопје постојано пулсираат ликовните врски со Цариград и Солун, потоа со Атос, Венеција и Средна Европа.

Тие само го потврдуваат творечкиот немир, напорот да се допре и оствари сопствен творечки еквивалент. Во времето на ропство и отпор, над нас се возвишува светлиот лак на нашето ликовно небо за да го потврди триумфот дека величината на духот не е заробена.

This post is also available in: English, Albanian