Корпоративно спонзорирање

Националната галерија на Македонија го третира корпоративното спонзорирање како партнерство меѓу две организации. Насочени сме врз обезбедувањето специјално “скроени” услуги со цел да овозможиме нивно максимално вклопување во вашите деловни потреби.

Спонзорирањето може значително да помогне во подобрувањето на профилот и престижот на засегнатите компании. Во погодностите спаѓаат истакнување и рекламирање на компанијата во медиумите и промотивните кампањи, во каталагот на изложбата и при официјалните отворања, како и ексклузивни можности за забава.

Галеријата нуди спонзорирање на различни области од Галеријата што може да се вклопат со потребите на вашата компанија, како што се:

- изложби
- едукација
- јавни програми
- патувачки изложби
- конзерваторски проекти

This post is also available in: English, Albanian